From Wikipedia, the free encyclopedia
Dire Straits (анг.: Dire Straits, МФА: daɪər streɪts, транскрипција: Дајер Стрејтс) бил англиски рок бенд кој во 1977 бил формиран од Марк Нопфлер (гитара и вокал), неговиот брат Дејвид Нопфлер (гитара), Џон Илсли (бас гитара) и Пик Витерс (тапани),[2] а нивни менаџер бил Ед Бикнел.
Dire Straits | |
---|---|
„Dire Straits“ во 1985 Од л-д, Флечер (позади), Илсли, Нопфлер и Сони | |
Животописни податоци | |
Потекло | Њукасл, Англија |
Жанрови | Рок, каунтри рок, прогресив рок, паб-рок.[1] |
Период на активност | 1977–1995 |
Издавачи | „Phonogram Records“, „Vertigo Records“, „Warner Bros. Records“ |
Соработници | „The Notting Hillbillies“ |
Мреж. место | www.direstraits.co.uk |
Поранешни членови | |
Марк Нопфлер Џон Илсли Пик Витерс Дејвид Нопфлер Алан Кларк Хал Линдс Тери Вилијамс Гај Флечер Џек Сони |
Најпродаваниот албум на „Dire Straits“, „Brothers in Arms“, бил продаден во над 30 милиони копии.[3] Тие станале еден од комерцијално најуспешните бендови во светот, со вкупна продажба од над 120 милиони албуми.[4] Бендот освоил бројни награди за време на нивната кариера меѓу кои и черити греми награди, три бритрански музички награди (две од нив за најдобра британска група) и две МТВ награди.[4] Помеѓу најпопуларните песни на овој бенд се и песните „Sultans of Swing“, „Romeo and Juliet“, „Tunnel of Love“, „Private Investigations“, „Money for Nothing“, „Walk of Life“, „So Far Away“, „Your Latest Trick“ и „Brothers in Arms“.
Бендот опстојал 18 години. За тоа време претрпел неколку промени во членството со што само Марк Нопфлер и Џон Илсли останале како единствени членови кои свиреле од почеток до крај. „Dire Straits“ се расформирал во 1995 кога Марк Нопфлер ја започнал својата соло кариера.
На почетокот на кариерата, Марк и Дејвид барале од сопствениците на пабовите да ги стишат засилувачите за гостите да можат да разговараат, што асоцира на нивната несигурност и ненаметливост. Името „Dire Straits“ (жаргон „во криза“) им го дал цимерот на тапанарот Пик Витерс, поради тоа што во тој период членовите на групата биле невработени и во тешка финансиска состојба.
И покрај нивниот старомоден пристап кон рокенрол музиката, првиот, а воедно и истоимен албум, постигнал светски успех. По снимањето на албумот во „Basing Street studios“, Западен Лондон, во февруари 1978, за £12.500,[5] и се приклучиле на турнеја како предгрупа на бендот „Talking Heads“,[6] а по издавањето на синглот „Sultans of Swing“, кој постигнал успех во огромни размери, самите направиле американска турнеја во која отсвириле 51 концерт за 38 дена.[7] На оваа турнеја биле забележани од Боб Дилан кој накратко потоа ги повикал Нопфлер и Витерс да свират на неговиот албум „Slow Train Coming“.[8]
На почетокот, бендот, најмногу успех постигнал во Германија каде нивниот втор албум, „Communiqué“, дебитирал на првото место на листата за најпродавани албуми, додека првиот албум им се наоѓал на третата позиција. Вториот албум продолжил со исто темпо како и првиот, но Марк Нопфлер започнал да искажува интереси за покомплицирани аранжмани и сложени композиции.[9]
За време на снимањето на следниот албум, „Making Movies“, браќата Нопфлер не се согласувале околу музичкиот правец во кој бендот требало да продолжи. Марк, кој бил главниот автор на музиката и текстовите, сакал што повеќе да експериментира со покомплицирани ритми, додека Дејвид ја застапувал идејата за продолжување со истите едноставни песни, како и во првите два албуми. Конфликтот завршил со напуштањето на Дејвид по завршувањето на третиот албум,[10] а неговото место во бендот го преземал Сид Мекгинис. Комплкесноста на аранжманот на која Марк инсистирал вклучувала и клавијатура. На таа позиција свирел Рој Битен, музичар на Брус Спрингстин. По снимањето, на турнејата на бендот, како полноправни членови, се приклучиле гитаристот Хал Линдес и клавијатуристот Алан Кларк.[5] Албумот бил објавен во 1980, а од него се издвоиле хитовите „Romeo and Juliet“ и „Tunnel of Love“.
Следниот албум, „Love Over Gold“, во 1982, бил првиот кој Нопфлер сам го продуцирал и ја означил кулминацијата на оваа експериментална фаза. Од пет песни, колку што имало на албумот, само една била пократка од 6 минути, а воведната нумера „Telegraph Road“ траела 14 минути. Од овој албум, како сингл, била издвоена песната „Private Investigations“, која од тој момент била вклучена во стандардниот репертоар на концертите. Накратко по издавањето на албумот, групата ја напуштил и тапанарот Пик Витерс, а бил заменет од Тери Вилијамс.[11]
По објавувањето на албумот „Love Over Gold“, Нопфлер се посветил на пишувањето музика за филмовите „Локален херој“ и „Кал“, што воедно биле и неговите први два соло албуми објавени во 1983 и 1984.[12] Во тоа време го продуцирал и албумот, „Infidels“, на Дилан од 1983, а ја напишал и првата песна од кам-бек албумот на Тина Тарнер, песната „Private Dancer“, издаден во 1984. Истата година, објавен е и првиот соло албум на Џон Илсли на кој гостувале Нопфлер и Тери Вилијамс.
Кон крајот на годината групата се вратила во студио за да го сними следниот албум именуван „Brothers in Arms“ кој бил издаден во 1985. Истиот тој претставувал најголем успех на бендот. За време на снимањето се случиле нови промени во составот на бендот, односно на групата и се приклучил уште еден клавијатурист, Гај Флечер, кој претходно свирел во бендот „Roxy Music“, а местото на Хал Линдс го заземал Џек Сони. Исто така, на снимањето Нопфлер сфатил дека начинот на свирење на Тери Вилијамс не одговарал на звукот кој бендот сакал да го постигне, па затоа најголемиот дел од свирењето на тапани бил отсвирен од Омар Хаким.[13]
Албумот постигнал многу голем успех дебитирајќи на првото место за најпродавани албуми и во ОК (на листата останал цели 228 недели)[14] и во САД (продадени девет милиони копии)[15]. „Brothers in Arms“ бил меѓу првите албуми издадени на компакт диск[16] (претходно ги издавале само на грамофонски плочи), а на него биле снимени подолги верзии на песните за разлика од тие на грамофонската плоча. Со тоа, албумот „Brothers in Arms“ станал првиот компакт диск продаден во повеќе од милион копии.
Последна постава на бендот (1995)
Поранешни членови
Помошни членови за време на турнеја
„Dire Straits“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.