Барбадос
From Wikipedia, the free encyclopedia
Барбадос (англиски: Barbados) е островска земја во Средна Америка. Барбадос е дел од карипската островската група Западни Инди и источно од државата се наоѓа Атлантскиот Океан, додека западно се наоѓа Карипското Море. Најблиски соседи на Барбадос се земјите Света Луција и Свети Винсент и Гренадините на запад, додека јужно се наоѓа Тринидад и Тобаго. Вкупната површина на Барбадос изнесува 430 км2 каде живеат околу 284.589 жители. Главен град на земјата е Бриџтаун, а службен јазик е англискиот јазик.
Barbados Барбадос |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: „Гордост и трудољубивост“ | ||||||
Химна: „И во изобилство и во немаштија“ |
||||||
Главен град | Бриџтаун 13°0′N 59°32′W | |||||
Најголем град | главниот град | |||||
Службен јазик | англиски | |||||
Признаени регионални јазици | баџански | |||||
Народности | 90% Црнци, 6% Азијати, 4% Европејци | |||||
Демоним | Барбадошанец | |||||
Уредување | Унитарна парламентарна уставна република | |||||
• | Претседател | Сандра Мејсон | ||||
• | Премиер | Миа Мотли | ||||
Независност | од Обединетото Кралство | |||||
• | Датум | 30 неомври 1966 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 431 км2 (199-та) | ||||
• | Вода (%) | незначително | ||||
Население | ||||||
• | проценка за јули 2006 г. | 279,000 (175-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $5.244 милијарди[1] (149-та) | ||||
• | По жител | $19,026[1] (39-та) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупно | $3.682 милијарди [1] | ||||
• | По жител | $13,356[1] | ||||
ИЧР (2013) | ▼ 0.776[2] висок · 59та |
|||||
Валута | Барбадоски долар ($) (BBD ) |
|||||
Часовен појас | Источнокарпски време (UTC-4) | |||||
Се вози на | лево | |||||
НДД | .bb | |||||
Повик. бр. | +1 (246) |
Европската доминација врз островот започнала уште од 1492 година кога краток период бил по шпанска контрола, а подоцна и под португалска[3]. Подоцна, Брабадос станал колонија на Велика Британија, политичка состојба која траела сè до 1966 година кога Барбадос се стекнал со својата независност.