From Wikipedia, the free encyclopedia
Agar.io (македонски: Агар.ио) — бесплатна двомерна масовна повеќеиграчка семрежна игра од 2015 г. создадена од бразилскиот развивач Матеус Валадарес. Во неа, бактериските клетки се движат наоколу во Петриева шолја, впивајќи хранителни гранули, а исто така се јадат заемно. Тоа е прелистувачка игра, има и мобилна верзија за андроид и iOS. Играта го добила името по агар (англ. agar) — хранлива средина за размножување бактерии[3] Agar.io добил потврдни одзиви од критичарите, кои особено ја пофалиле едноставноста и механиката на проектот. Одречните гледишта на играта вклучуваат повторувачки играчки процес. Во голем дел благодарение на усно предавање на друштвените мрежи, Agar.io станала една од најпопуларните прелистувачки и мобилни игри во првата година од постоењето.[4] Верзијата на Стим била најавена за 3 мај 2015 г., но никогаш не била објавена.[5] Издавањето за андроид и iOS се случило на 24 јули 2015 г. и било објавено од Миниклип. Agar.io вдахнал слични веб-игри наречени „.io-игри“.[6]
Agar.io | |
---|---|
Старото лого на мобилната верзија | |
Издавач(и) | Miniclip |
Дизајнер(и) | Матеус Валадарес[1] |
Подлоги | прелистувач, андроид, iOS, iPadOS |
Датум на издавање | Прелистувач 28 април 2015[2] Андроид, iOS 24 јули 2015 |
Жанр(ови) | масовна повеќеиграчка семрежна игра |
Режим(и) | повеќеиграчка игра |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.