датум From Wikipedia, the free encyclopedia
4 март — 63-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (64-и во престапна година). Остануваат 302 денови до крајот на годината.
<< | март | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | |||||
3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | ||||||
2024 |
Настани:
1789 | Во Њујорк е свикан првиот Конгрес на САД. |
1933 | Претседателот на САД, Франклин Делано Рузвелт, под притисок на економската криза ја објавил својата „Нова политика“ (New Deal), чија суштина беше интервенција на капиталистичката држава во нарушениот стопански систем во земјата. |
1942 | Во Софија, бугарската полиција го уапсила поетот Никола Јонков Вапцаров. |
1945 | Во Белград бил основан фудбалскиот клуб „Црвена Ѕвезда“. |
1945 | Во Скопје е одржан првиот слободен црковно-народен собор. Во присуство на над триста делегати, свештеници, претставници на народната власт и на Народниот фронт, делегатите го искажале расположението на македонскиот народ за создавање на Македонска православна црква преку обнова на старата Охридска архиепископија, во 1767 година незаконски укината од турскиот султан Мустафа III, а по барање на Цариградската патријаршија. |
1952 | Народна Република Кина ги обвини САД дека употребуваат бактериолошко оружје во Корејската војна. |
1965 | Сирија национализира девет нафтени компании, вклучувајќи две американски нафтени концерни. |
1965 | Со премиерата на претставата „Богомилска балада“, според романот на Владо Малески, а во режија на Тодорка Кондова, започнал со работа Драмскиот театар во Скопје. |
Родени:
1188 | Бланка Кастиљска — сопруга на кралот Луј VIII. |
1678 | Антонио Вивалди — венецијански свештеник и композитор. |
1878 | Петар Успенски — руски филозоф. |
1927 | Перо Квргиќ — хрватски глумец. |
1934 | Александар Митевски — македонски поет. |
1935 | Бент Ларсен — дански шахист. |
1947 | Јан Гарбарек — норвешки џез-музичар. |
1951 | Кени Далглиш — шкотски фудбалер и тренер. |
1954 | Кетрин О'Хара — американска глумица. |
1954 | Франсоа Фијон — француски премиер. |
1961 | Теодосиј Спасов — бугарски џез-музичар. |
1962 | Мирсад Баљиќ — босански и југословенски фудбалер. |
1965 | Халед Хосеини — авганистански писател и лекар. |
1967 | Еван Дандо — американски рок-музичар. |
1968 | Киријакос Мицотакис — грчки политичар. |
1972 | Јос Верстапен — холандски возач на Формула 1. |
1974 | Младен Крстаиќ — српски фудбалер и тренер. |
1982 | Лендон Донован — американски фудбалер. |
1983 | Зоран Балдовалиев — македонски фудбалер. |
1985 | Хрвоје Чале — хрватски фудбалер. |
1990 | Дрејмонд Грин — американски кошаркар. |
1992 | Бернд Лено — германски фудбалски голман. |
Починале:
254 | Луциј I — римски папа. |
561 | Пелагиј I — римски папа. |
1193 | Саладин — курдски државник и воен водач. |
1805 | Жан Батист Грез — фрацуски сликар. |
1832 | Жан Франсоа Шамполион — француски научник. |
1852 | Николај Васиљевич Гогољ — руски писател, хуморист и сатиричар. |
1967 | Владан Десница — југословенски писател. |
1974 | Михаил Тихонравов — советски ракетен стручњак и научник. |
1993 | Томислав Ивчиќ — хрватски поп-пејач. |
1996 | Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Гаврил — поглавар на Македонската православна црква. |
2002 | Велибор Васовиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер. |
2008 | Семка Соколовиќ - Берток — југословенска глумица. |
2019 | Лук Пери — американски глумец. |
2019 | Кит Флинт — британски поп-пејач, член на групата „Продиџи“ (Prodigy). |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.