12 јуни
датум / From Wikipedia, the free encyclopedia
12 јуни — 163-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар (164-ти во престапна година). Остануваат 202 дена до крајот на годината.
01 | ||||||
02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 |
09 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 |
Настани:
1691 | Ахмед II на турскиот престол го наследи султанот Сулејман III. |
1798 | Француската армија го зазеде средоземниот остров Малта. |
1812 | Наполеон Бонапарт, француски цар, на чело на „Големата армија“ ја мина реката Њемен и ја започна офанзивата на Русија. |
1898 | Филипинскиот генерал Емилио Агиналдо за време на Американско-шпанската војна со поддршка на САД прогласи независност на Филипини. Американците, потоа ги окупираа Филипините и го срушија отпорот на филипинските националисти, а тој тихоокеански архипелаг стекна формална независност во 1946 година. |
1944 | Кај селото Стрмашево, Неготинско, дел од Втората македонска НОУ бригада го нападна и го разби бугарскиот полициски одред „Бенковски“. Во оваа борба загина и Коце Стојановски - Металец, истакнат борец и револуционер. |
1945 | Грчка воена единица го опколи селото Кономлади, Костурско, Егејска Македонија. Притоа, командантот на единицата ги собра сите жители и со сила ги тераше да признаат дека се Грци. Но, тој не успеа во тоа, бидејќи насобраните му изјавија дека се Македонци. |
1946 | Одигран е фудбалски натпревар за првиот повоен Првак на Македонија помеѓу „Победа“ и „Македонија“ (2:1). Притоа е остварен и првиот фудбалски радиопренос на Радио Скопје, со коментар на Коле Чашуле. |
1964 | Водачот на Африканскиот национален конгрес, Нелсон Мендела и уште 7 противници на расистичкиот режим во Јужноафриканската Република, осудени се на доживотна робија. Ослободен е во 1990 година, а во 1994 година даде заклетва како прв црнец претседател на земјата. |
1976 | При воениот удар во Уругвај од власт е симнат претседателот Хуан Бордабери, со што започна деветгодишната диктатура на армискиот врв. |
1991 | Борис Елцин е избран за претседател на Русија. |
1993 | Република Македонија стана членка на Меѓународната поштенска заедница. |
1997 | Република Македонија и Република Џибути воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво. |
2001 | Генерал потполковник Јован Андревски, Началник на Генералштабот на АРМ, поднесе неотповиклива оставка, во екот на борбените дејства. |
2016 | Најмалку 50 луѓе биле убиени и 53 други повредени во напад во ноќен клуб во Орландо, Флорида. Напаѓачот бил убиен од полициските сили. |
Родени:
1840 | Јакуб Арбес — чешки писател, критичар и новинар. |
1856 | Спиро Гулапчев — македонски анархист. |
1877 | Јохан Фридрих Хегер — германски архитект. |
1915 | Дејвид Рокфелер — американски банкар. |
1924 | Џорџ Херберт Вокер Буш — претседател на САД (1988 — 1992). |
1926 | Амадео Каризо — арегентински фудбалски голман. |
1928 | Петрос Моливијатис — грчки политичар. |
1929 | Ана Франк — холандска Еврејка, жртва на холокаустот (п. 1988.). |
1930 | Столе Аранѓеловиќ — српски и југословенски глумец. |
1941 | Чик Кореја — американски џез-музичар. |
1945 | Пет Џенингс — северноирски фудбалер. |
1949 | Тодор Мицов — македонски поет. |
1955 | Мурат Мурати — македонски лингвист. |
1959 | Хуан Антонио Сан Епифанио — шпански кошаркар. |
1965 | Гвен Торенс — американска атлетичарка. |
1969 | Витал Хејнен — белгиски одбојкарски тренер. |
1977 | Николас Васкес — аргентински глумец. |
1979 | Диего Милито — аргентински фудбалер. |
1981 | Адријана Лима — бразилски модел. |
1982 | Марко Поповиќ — хрватски кошаркар. |
1984 | Бруно Соријано — шпански фудбалер. |
1986 | Серхио Родригес — шпански кошаркар. |
1989 | Андреја Гвардини — италијански велосипедист. |
1992 | Филипе Кутињо — бразилски фудбалер. |
1996 | Давинсон Санчес — колумбиски фудбалер. |
Починале:
816 | Лав III — римски папа. |
1903 | Милан Делчев — македонски револуционер. |
1912 | Фредерик Паси — француски хуманист и нобеловец (р. 1822). |
1943 | Тодор Ангеловски — македонски учител. |
1944 | Коце Стојановски - Металец — македонски револуционер. |
1983 | Норма Ширер — канадско-американска филмска глумица. |
1997 | Булат Окуџава — советски и руски поет. |
2003 | Грегори Пек — американски филмски глумец (р. 1916). |
2006 | Ѓерѓ Лигети — унгарско-австриски композитор (р. 1923). |
2007 | Барон Ги Едуар Алфонс Пол де Ротшилд — француски банкар (р. 1909). |
2024 | Џери Вест — американски кошаркар. |
Празници:
* | Ден на Русија. |
* | Светски ден против злоупотребата на детскиот труд. |