Сончева сјајност
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сончева сјајност (симбол: ) — единица сјајност (луминозитет) или зрачен тек (моќ израчена во облик на фотони) во астрономијата со чија помош се утврдува сјајноста на ѕвездите. Една сончева сјајност е еднаква на тековно прифатената сјајност на Сонцето, што изнесува 3,839×1026 W, или 3,839×1033 ерг/с.[2] Ако покрај електромагнетното, го вброиме и неутринското зрачење, вредноста е малку повисока: 3,939×1026 W (еднакво на 4,382×109 кг/с или 2,107×10−15 M☉/d).[3] Сонцето е слаба променлива ѕвезда и затоа неговата сјајност е колеблива. Главните варијации се одвиваат во текот на единаесетгодишниот сончев циклус (циклус на сочевите дамки), што префизвикува периодично колебање од ±0,1%. Сите други варијации во текот на последните 200–300 години се сметаат за многу помали.[3]