![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/b7/Salt-marsh_Bosham_5.2.2003.jpg/640px-Salt-marsh_Bosham_5.2.2003.jpg&w=640&q=50)
Моклиште
област која е постојано или сезонски покриена со вода / From Wikipedia, the free encyclopedia
Моклиште – месност каде што е мокро, влажно.[1] Тоа е подрачје со екосистем на премин меѓу суво и мокро. Овој поим опфаќа различни видови животни околини, како што се мочуриштата, речните ракавци („мртвици“), мочуришните шуми, мочуришните ливади и слични, поплавени подрачја во поголемиот дел од годината. Флората и фауната се приспособени на целогодишниот вишок на вода.
- За кавадаречкото историско село, видете Моклиште (село)
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/b7/Salt-marsh_Bosham_5.2.2003.jpg/640px-Salt-marsh_Bosham_5.2.2003.jpg)
Моклиштата имаат многу големо еколошко значење бидејќи на водните и мочуришните птици им служи како живеалиште, одмориште или зимувалиште. Моклиштата покриваат околу 6% од Земјината површина, но примарната продукција на нето биомаса учествуваат со околу 24%, што значи дека се високопродуктивни екосистеми. Покрај тоа, тие се многу ефикасен филтер на подземните води, а исто така обезбедуваат многу добра заштита од поплави. Со Рамсарската конвенција моклиштата се ставени под заштита.
Значајни моклишта се на пример Пантанал, Еверглејдс и плитките морски брегови. Во Македонија најзначајно моклиште е Студенчишкото Блато.