Шкоцјански Јами
From Wikipedia, the free encyclopedia
Шкоцјански Јами, или Шкоцјански Пештери (словенечки: Škocjanske jame, италијански: Grotte di San Canziano), ― пештерски систем во Словенија. Поради своето исклучително значење, Шкоцјанските Јами биле внесени на списокот на УНЕСКО на природни и културни места на светско наследство во 1986 година. Така, меѓународните научни кругови ја признале важноста на пештерите како едно од природните богатства на планетата Земја. Рангирајќи се меѓу најважните пештери во светот, Шкоцјанските Јами ги претставуваат најзначајните подземни феномени и на Карстното Плато и во Словенија. По осамостојувањето од Југославија во 1991 година, Словенија се обврзала на активна заштита на областа на Шкоцјанските Јами и го основала Регионалниот парк Шкоцјански Јами и нејзиниот управен орган, Агенција за јавни услуги на паркот Шкоцјански Јами.[2]
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Место | Словенија |
Критериум | природно: (vii), (viii) |
Навод | 390 |
Запис | 1986 (X заседание) |
Површина | 413 хектари |
Мреж. место | park-skocjanske-jame.si |
Координати | 45°40′N 14°0′E |
Службен назив: Шкоцјански Јами | |
Прогласено: | 21 мај 1999 |
Број | 991[1] |