![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/57/Standard_Model_of_Elementary_Particles_mk.svg/langmk-640px-Standard_Model_of_Elementary_Particles_mk.svg.png&w=640&q=50)
Честична физика
From Wikipedia, the free encyclopedia
Честична физика — гранка на физиката која ги узучува честичките што ја сочинуваат материјата (честички со маса) и зрачењето (безмасени честички). Иако поимот „честичка“ може да биде нешто што е многу ситно (на пр. протони, гасни честички, па дури и прашина), честичната физика ги иследува најмалите неупростиви честички, како и основните полиња на неупростиви со кои тие се објаснуваат. Според тековните сознанија, елементарните честички претставуваат возбудувања на квантните полиња, кои исто така ги одредуваат нивните заемодејства. Најприфатената теорија која ги објаснува честичките, полињата и нивната динамика е стандардниот модел. Оттука, современата честична физика се занимава со иследување на стандардниот модел и негово дополнување и прилагодување, од најновите познати честички (на пр. Хигсовиот бозон) до најстарите познати сили како што е гравитацијата.[1][2]