Чавин де Уантар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Чавин де Уантар (шпански: Chavín de Huántar) — археолошко наоѓалиште што се наоѓа во северниот планински дел на Перу, во областа Анкас, 250 километри северно од денешна Лима, источно од Кордилера Бланка, на почетокот на Долината Кончукос на надморска височина од 3180 м. Првите населби од чавинската култура, по кои наоѓалиштето го добило името, се појавиле околу 1200 г. пр. н. е. и траела до 500 — 400 г. пр. н. е. кога ги наследиле другите култури. Многу рано било препознаено како еден од најважните церемонијални и поклоненички места во тоа време. Чавин станал дел од Светското наследство на УНЕСКО во 1985 година.[1] Некои од пронајдените артефакти може да се видат во Националниот музеј на Лима и Националниот музеј на Чавин, кој се наоѓа на самото наоѓалиште.[2] [3]
Поглед на Чавин де Уантар | |
Место | Анкаш, Перу |
---|---|
Координати | 9°35′34″S 77°10′42″W |
Висина | 3180 м |
Историја | |
Изграденo | Пред 1200 г. пр. н. е. |
Култури | Чавинска култура |
Белешки за наоѓалиштето | |
Светско наследство на УНЕСКО | |
Службен назив | Чавин (Археолошко наоѓалиште) |
Критериум | културно: (iii) |
Навод | 330 |
Запис | 1985 (IX заседание) |
Површина | 14,79 хектари |