Црвеноврат нуркач
From Wikipedia, the free encyclopedia
Црвеновратниот нуркач е водна птица преселница којашто ја среќаваме во умерените региони од северната полутопка. Зимското живеалиште во голема мера е ограничено на мирните води надвор од брановите на брегот на океанот, но некои птици презимуваат на големи езера. Тие ги претпочитаат плитките води на езерата, мочуриштата или рибните езера како места за парење.
Црвеноврат нуркач | |
---|---|
Подарокот водни тревки, како дел од додворувањето | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Нуркачовидни |
Семејство: | Нуркачи |
Род: | Нуркач |
Вид: | Црвеноврат нуркач' |
Научен назив | |
Podiceps grisegena (Boddaert, 1783) | |
Гнездење Презимување | |
Синоними | |
Podiceps griseigena (Lapsus) |
Го има и во Македонија. Бил користен како птица-работничка во риболовот со птици на Дојранското Езеро[2]
Црвеновратниот нуркач има неопределено темносива боја во зима. Во текот на сезоната на парење тие стекнуваат карактеристично црвена боја на вратот и пердувите, црна капа и бледосива боја на лицето од каде е добиено и неговото име. Тие, исто така, имаат развиено систем на додворување и разновидни гласни повици за парење. Откако ќе се спари, таа гради гнездо од водни растенија на врвот на подвижна растителност во плитките езера или мочуришта.
Како сите водни птици црвеновратниот нуркач е добар пливач и особено добар нуркач и одговара на опасност повеќе со нуркање отколку со летање. Нозете му се поставени позади на телото, блиску до опашката, што ја прави птицата тромава на копно. Таа нурка за риба или за инсекти надвор од растителноста. Исто така, ги голта своите пердуви за да го заштити својот дигестивен систем. Заштитата на нејзините два подвида - P. g. grisegena кои се наоѓаат во Европа и западна Азија, и поголемата P. g. holboelii во Северна Америка и источен Сибир - се оценува како најмалку важна, бидејќи глобалната популација ѝ е стабилна или расте.