Хронична опструктивна белодробна болест
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хронична опструктивна белодробна болест (ХОПБ), уште позната и како хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) и хронична опструктивна болест на дишните патишта (ХОБДП), се само некои називи за тип на опструктивна белодробна болест што се одликува со хронично мал проток на воздух. Со тек на време се влошува. Главните симптоми вклучуваат недостиг на воздух, кашлива и шлаем.[1] Повеќето што имаат '„хроничен бронхит“' имаат ХОПБ.[2]
Хронична опструктивна белодробна болест | |
---|---|
Микроскопска патологија на бел дроб со центрилобуларен емфизем што е карактеристичен кај пушење. Овој крупен кадар од фиксирана, исечена површина на бел дроб има повеќе празнини што се густо обложени со наслаги од црн јаглерод. | |
Специјалност | Пулмонологија |
Најчеста причина за ХОПБ е пушење тутун, а има и многу други фактори како загадување на воздух и генетика, кои имаат помала улога.[3] Во земјите во развој најчест извор на загадување на воздухот доаѓа од слаба вентилација на оган за готвење и греење. Долготрајната изложеност на овие раздразнувачи предизвикува воспалителна реакција во белите дробови, што резултира со стеснување на малите дишни патишта и разложување на белодробното ткиво што е познато како емфизем.[4] Дијагнозата се заснова на слаб доток на воздух кој се мери со тест за белодробна функција.[5] За разлика од астмата, смалениот доток на воздух не се подобрува значително со давањето лекарства.
ХОПБ може да се спречи со намалување на изложеноста на познатите причинители. Ова вклучува обид за намалување на стапките на пушењето и подобрување на квалитетот на воздухот во затворен простор и на отворено. Лекувањето на ХОПБ опфаќа: откажување од пушење, вакцинирање, рехабилитација, а често и инхалација со бронходилататори и стероиди. Кај некои, корист може да има од долготрајна терапија со кислород или пресадување на бел дроб.[4] Кај оние што имаат периоди на акутно влошување, потребна е зголемена употреба на лекарства и хоспитализација.
Во светот ХОПБ ја има кај 329 милиони луѓе или речиси 5% од популацијата. Во 2012 година се вбројуваше како трета водечка причина за смртност, а уби над 3 милиони луѓе.[6] Се предвидува бројот на смртни случаи да се зголемува поради зголемени стапки на пушачи и старата популација на многу земји.[7] Тоа резултираше со проценет економски трошок од 2,1 билиони американски долари во 2010 година.[8]