From Wikipedia, the free encyclopedia
Хриси (грчки: Χρύση; во превод Златен), исто така наречен и Лемношки Хриси, ― поранешен мал остров во Егејското Море во близина на Лемнос, спомнат од Хомер и Софокле. До вториот век, Павсанија[1] и Апијан[2] велат дека островот потонал под морето. Нгговата местоположба е непозната.
Се вели дека главната особеност на островот е храмот на Аполон, а божеството заштитник му била божицата Хриси. Грчкиот стрелец Филоктет застанал таму на пат кон Троја и бил каснат од отровница. Лукул таму заробил тројца мажи во заседа за време на Третата митридатска војна.[3] Се чини дека островот исчезнал во вториот век од новата ера. Еден антички пророк (напишан од Ономакрит) можеби го предвидел овој крај.[4]
Делото „Опис на Грција“ вели:
Следнава случка докажува дека моќта на Среќата е поголема и попрекрасна отколку што е прикажана со катастрофите и цутот на градовите. Со недалечно пловење од Лемнос некогаш бил островот Хриси, каде што, се вели, Филоктет се сретнал со несреќата од водната змија. Но, брановите целосно го совладале, а Хриси потонал и исчезнал во длабочините ... Толку привремени и крајно слаби се среќите на луѓето.
—Павсанија, Опис на Грција[1]
Аматерски подводен археолог тврдел дека повторно го открил островот во 1960 година, идентификувајќи го со „потоната копнена маса позната како Харошки Брег, област од 16 квадратни км во близина на островот Лемнос“ (39.91667° СГШ; 25.5500° ИГД), наведена на британските поморски карти и се наоѓа на околу 12 м под површината. Бели градежни блокови (најверојатно од храмот на Аполон) се вели дека биле видливи на морското дно. Харошкиот Брег се споменува од други како можна местоположба но се чини дека нема понатамошна работа на неа.[5]
Друга теорија предлага дека остатоците од Хриси се на мало островче на само 70–80 м од северниот брег на Лемнос, мештански познато како Варвара (39.9984° СГШ; 25.1537° ИГД). Иако островчето има „голема концентрација на антички темели и фрагменти од керамика“, и голема тумба на врвот опкружена со ѕидови (најверојатно олтар), тој не е ископан. Очигледно бил поголем во антиката, а големи делови потонале поради тектонската активност.[6]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.