From Wikipedia, the free encyclopedia
Хенри IV (3 мај 1367 — 20 март 1413 ) бил крал на Англија во периодот од 1399 до 1413 година. Тој се оженил за Марија де Бохун, која до својата смрт во 1394 година му родила 7 деца. Во 1402 година Хенри се оженил по вторпат, со Жана де Наваро.
Хенри IV | |
---|---|
Портрет од 16 век | |
Крал на Англија (повеќе...) | |
На престол | 30 септември 1399 – 20 март 1413 ( | 13 години и 202 дена)
Крунисување | 13 октомври 1399 |
Претходник | Ричард II |
Наследник | Хенри V |
Почивалиште | Кентерберска катедрала, Кент |
Сопружници | Марија де Бохун 1381 - 1394 Жана де Наваро 1403 - 1413 |
Деца | Хенри V Томас Јован Хамфри Бланка Филипа |
Династија | Династија Ланкастер |
Татко | Џон Гонт |
Мајка | Бланш Ланкастерска |
Потпис |
Хенри бил основач на династија Ланкастер, која претставувала клон на династија Плантагенет. Негов татко бил Џон Гонт, третиот и најмлад преживеан син на Едвард III.
Хенри бил еден од лордовете кои во 1388 година биле големи приврзаници на кралот. Неговиот татко бил регент на Ричард II. И покрај големата блискост и пријателство, Хенри отишол на страната на лордовите, кога тие се побуниле против кралот Ричард. По уништувањето на конфликтот и прифаќањето на кралот на дел од барањата на лордовите и бароните, по некое време голем дел од истите биле брутално казнети, но Хенри бил помилуван.
Помеѓу Хенри и војводите од Норфолк избиле неколку спорови, па Ричард бил принуден да ги протера и двете спротивставени страни. Така, Хенри бил протеран од земјата за десет години. Кога починал Џон Гонт, таткото на Хенри, Ричард II го конфискувал неговиот имот, кој автоматски требало да припадне на Хенри. Тој имот бил толку голем што во кралството започнало да се смета дека Ричард сака да ја централизира својата власт, контролирајќи ги во целост на големите лордови.
Поради ова, Хенри се вратил и најпрвин се сретнал со поранешниот и иден епископ на Кантербери, Томас Арандел, кој ги поддржувал лордовите во намерата да се намалат правата на кралот, па затоа и тој се нашол во прогонство. Тие успеале да мобилизираат одереден број на армија, и заедно да тргнат кон Лондон. Тој момент бил погоден за нив бидејќи кралот се наоѓал на воен поход во Ирска.
Тие започнале со насилно одземање на земјите за оние кои не сакале да им се продружат во војната против Ричард. Самиот автократски стил на владеење на ричард, во земјата не бил многу популарен, па главно поради ова, Хенри многу бргу завладеал со југот и истокот од Англија. Кога Ричард се вратил во Велс, незадоволството веќе било проширено во цела Англија. така, во Велс бил заробен Ричард и принуден да абдицира.
Узурпирањето на престолот од страна на Хенри го направило неговото владеење нестабилно. Хенри на англискиот престол дошол со одлука на парламентот. Бидејќи имал роднинска врска со Ричард, тој се сметал себеси за достоен наследник на престолот. Тој бил крунисан на 13 октомври 1399 година. Ова било прво обраќање на англиски јазик пред населението од страна на кралот, по норманското освојување на Англија.
Хенри IV честопати се консултирал со парламентот за некои одлуки, и честопати влегувал во спор, главно околу црковните и политичките прашања. Томас Арандел повторно станал епископ на Кантербери, и имал големо влијание врз Хенри. За првпат во историјата на Англија биле горени кривоверци. Во 1400 година бил убиен Ричард II. Поддржувачите на Ричард се одрекле од новиот крал, а по ова во Велс избило востание кое траело до 1408 година. Во меѓувреме Шкотска објавила војна на Англија. Богатите семејства Перси и Мортимер (последните имале поголема претензија за престолот од Хенри) воделе војна од 1403 година до 1408 година. Ричард Скроп, архиепископот на Јорк, исто така се вклучил во 1405 година во војната против Хенри IV.
Хенри боледувал од епилепсија. Во текот на последните две години од својот живот, кралството било управувано од страна на неговиот син, принц на Велс. Тој починал во 1413 година во Вестминстерската опатија. Тој не бил погребан во Вестминстер, туку во Кентербериската катедрала. Тој бил наследен од страна на неговиот син Хенри V.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.