Лорд (англ. lord, „господар“) — човек кој има моќ и власт. Може да носи различни значења, зависно од контекстот. Жените обично ја имаат титулата „леди“ (англ. lady) наместо лорд. Два исклучока од ова правило се Лордот на Ман и моменталниот Лорд Провост на Единбург.
Етимологијата на зборот лорд датира од староанглискиот збор hlaf-weard (векночувар) – рефлектирајќи го германскиот родовски обичај претпоставениот (старешината) да им обезбедува храна на неговите следбеници. Женскиот еквивалент, леди, може да значи „векномесач(ка)“.
Феудализам
Во феудализмот, лорд — аристократски чин со контрола врз извесна земја, производите и трудот на кметовите кои живеат на неа. Кметовите давале заклетва за верност кон лордот, или „векночуварот“. Ваквите лордови ја наследуваат оваа позиција и во теорија очекуваат преданост слична на преданоста кон монарх.
Зборот „господин“ е остаток феудалниот поим господар (лорд).
Титула
Во Обединетото Кралство, Домот на лордовите – е горниот дом на парламентот. Сѐ до скоро многу наследни лордови (особено англиски, наспроти шкотски или ирски) имале автоматско право на членство во Домот на лордовите – ова се променило со Реформата на Домот на лордовите.
Во Обединетото Кралство постојат пет рангови (чинови) на перови: Војвода, Маркиз, Ерл, Виконт и Барон; сите машки перови освен војводите ја користат титулата „Лорд X“. Титулата „Лорд“ важи и куртоазно на некои од нивните деца, как на пр. помладите синови на војводите и маркизите можат да ја користат титулата „Лорд (име) (презиме)“. Многу маркизи, ерлови, виконти и барони го користат звањето „Лорд (титула)“; на пример, Алфред Тенисон, Прв Барон Тенисон, попознат како „Лорд Тенисон“. За бароните пак, никогаш не се зборува поинаку од „Лорд X“. Во шкотското перство, членовите на последниот слој на перство ја носат титулата „Лорд на парламентот“ наместо „Барон“.
Виши судии ја користат титулата „Лорд“:
- Правните лордови, познатки како „Lords of Appeal in Ordinary“ кои имаат чин на доживотни барони
- судиите на Апелациониот суд на англија и Велс, познати како „Lords Justices of Appeal“
- судии на шкотскиот Заседавачки суд (врховен суд), познати како "Lords of Council and Session"
Разни високи државнички функции може да го осат одбележјето на почесн лордови: така имаме титули како Лорд-висок канцелар или Лорд-градоначачник.
Друга англиска титула, „Лорд-велепоседник“ (Lord of the Manor), не значи перство и не носи парламентарни права. Титулата го одбележува лицето како сопственик на велепосед (манор) кој има извесни локални права. Ова не е никаков општествен статус. Аналогно на ова, во Шкотска зборот „лерд“ (laird) значи сопственик на посед, или поедонтавно 'земјопоседник'.
Во средновековието епископите (бискупите) биле влијателни и моќни магнати кои имале феудален чин 'лорд'; така дури и денес можеме да чуеме „Лорд-епископ“ (особено во земјите од Комонвелтот) за англиканските и римокатоличките епископи. Покрај ова, 26 епископи на Црквата на Англија имаат пратенички места во Домот на Лордовите како „Духовни лордови“ (Lords Spiritual).
Поврзано
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.