Хајлигендам
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хајлигендам (германски: Heiligendamm) — село и приморско одморалиште, основано во 1793, во округот Росток, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија.
Хајлигендам | |
Место во Бад Доберан | |
Крајбрежната патека кон бањата Хајлигендам | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Округ | Росток |
Општина | Бад Доберан |
Основни податоци | |
Надм. височина | 3 м |
Население | 3.000 (5 ноември 2007) |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | LRO |
Пошт. бр. | 18209 |
Повик. бр. | 038203 |
Портал | Матична страница |
Координати | 54°09′0″N 11°50′0″E |
Местото е најстара бања во континентална Европа и Германија. Хајлигендам е дел од градот Бад Доберан и историски припаѓа на областа Мекленбург.
Велепоседничките куќи и бањските градби во бањска архитектура крај брегот се остатоци од славните денови на селото, кога овој дел на Балтичкото Море било главното сврталиште на европското благородништво.[1] Поради класицистичките бели згради крај шеталиштето на плажата, селото е исто така познато како „Бел бисер“ (германски: Weiße Perle) или „Белиот град на море“ (германски: Die weiße Stadt am Meer).
Во селото се наоѓа познатиот хотел со пет ѕвездички, Гранд Хотел Хајлигендам, во кој се одржал 33. самитот на Г8 во 2007. Теснолиниската парна железница, позната како „Моли“ (Molli), поврзувајќи го Хајлигендам со Килунгсборн и Бад Доберан.
Хајлигендам се развил во елегантно место за благородништво и високо општество. Помеѓу најпознати гости во бањата биле германските цареви.
Неговиот основач и првиот гостин во 1793 бил големиот војвода на Мекленбург, Фридрих Франц I; бањата ја направил модерна.[1] Помеѓу 1793 и 1870, Јохан Кристоф, Хајнрих фон Зајдвиц, Карл Теодор Северин и Густав Адолф Демлер изградиле многу градби во местото, наменети за бањи и одмор. Хајлигендам бил секогаш сметан за најмодерно приморско одморалиште во Германија. Благородништвото од цела Европа престојувало во текот на летото во текот на XX век.
По Втората светска војна, градбите во Хајлигендам биле користени како ментални институции. Кога Мекленбург станал дел од комунистичката Источна Германија, некои од најпознатите градби на Хајлигендам биле уништени и заменети со униформни градби. По повторното обединување на Германија во 1989/1990, група на инвеститори ги купиле поголемиот дел на градбите и презеле програма за обнова.
Новата компанија, Кемпински Гранд Хотел, бил отворен во летото 2003 — користел шест историски градби вклучувајќи ја историската Курхаус (Kurhaus) на плажата во Хајлигендам. Развојот довел до одредено спротивставување со месното население, откако главните улици и велосипедски патеки биле уништени или прекроени. Исто така познатата градба на комплексот била срушена. Дворецот веднаш до Гранд Хотел бил обновен во 2011. Обновата на другите градби тече според планот.
На 13 јули 2006, американскиот претседател Џорџ В. Буш престојувал во Хајлигендам додека бил во државна посета на германската канцеларка Ангела Меркел во Штралзунд.
Од 6 до 8 јуни 2007, Гранд Хотел Хајлигендам бил домаќин на 33. самит на возачите на Г8. Во текот на самитот, илјадници антикапиталистички активисти од целиот свет ги блокирале патиштата до Хајлигендам и околу 25.000 антиглобалистички протести во соседниот Росток.[2]
Во јули 2013, Гранд Хотел Хајлигендам бил купен од сметководителот Паул Морзињски, кој планирал да го прошири.[3]
Бањската архитектура близу плажите во Хајлигендам, вклучувајќи ги класицистичките и истористичките дворци и бањски градби, се дел од уникатното наследство, како први такви градби на европскиот континент. Областа на Гранд Хотел е делумно достапен за посетители.
Теснолиниската железница позната како „Моли“ води од Хајлигендам преку Килунгсборн до Бад Доберан. Линијата помеѓу Бад Доберан и Хајлигендам била изградена во 1886. Евангелистичката шумска црква (Evangelische Waldkirche) била обновена по Мирната револуција, додека Католичката црква на Светото Срце (Herz-Jesu-Kapelle) — затворена.
Исто така, Хајлигендам има крајбрежна патека во должина од 200 метри во Балтичкото Море, кој овозможува прекрасен поглед на плажата и вилите.[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.