Функционална геномика
From Wikipedia, the free encyclopedia
Функционална геномика ― поле на молекуларната биологија која се обидува да ги опише функциите и меѓудејствијата на гените (и белковините). Функционалната геномика ги користи огромните податоци создадени од геномски и транскриптомски проекти (како што се проекти за секвенционирање на геном и секвенционирање на РНК). Функционалната геномика се насочува на динамичките гледишта како што се генска транскрипција, превод, регулација на генското изразивање и меѓудејствијата белковина со белковина, наспроти статичните аспекти на геномските информации како што се секвенцата на ДНК или структурите. Клучна одлика на студиите за функционална геномика е нивниот пристап на овие прашања за геномот во широка смисла, кој воглавно вклучува методи со висок пропуст, наместо потрадиционален пристап „кандидат-ген“.