Транслација (биологија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во молекуларната биологија, транслацијата е третиот чекор од процесот на биосинтеза на белковините со кој аминокиселините се врзуваат една со друга во специфичен редослед според правилата пропишани од генетскиот код.
Првиот чекор во биосинтезата на белковините е транскрипцијата на информативната РНК од ген на ДНК во јадрото. Паралелно со овој процес се врши синтеза на други видови на РНК со помош на соодветната ДНК. Овие различни типови на РНК мигрираат од јадрото во цитоплазмата.
Транслацијата се одвива во четири фази: активација, иницијација, елонгација и терминација (сите тие го опишуваат растот на ланецот од аминокиселини или полипептидот кој е производ на транслацијата). Аминокиселините се донесуваат до рибозомите и прават белковини.