Фудбалска репрезентација на Буркина Фасо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалската репрезентација на Буркина Фасо ја претставува Буркина Фасо на меѓународните фудбалски натпреварувања во машки фудбал и е под контрола на Фудбалската федерација на Буркина Фасо. Репрезентацијата била позната под името Фудбалска репрезентација на Горна Волта до 1984 година, кога Република Горна Волта станала Буркина Фасо.
![]() | |||
Прекари(и) | Les Étalons (Ждребиња) | ||
---|---|---|---|
Сојуз | Фудбалска федерација на Буркина Фасо | ||
Конфедерација | ![]() | ||
Селектор | ![]() | ||
Капитен | Бертран Траоре | ||
Најмногу настапи | Шарл Каборе (102) | ||
Најдобар стрелец | Мумуни Дагано (34)[1] | ||
ФИФА код | BFA | ||
| |||
Пласман на рангирањето на ФИФА | |||
Моментално | 57 (21 декември 2023)[2] | ||
Највисок | 35 (април-мај 2017) | ||
Најнизок | 127 (декември 1993) | ||
Прв меѓународен натпревар | |||
![]() ![]() (Антананариво, Мадагаскар; 14 април 1960) | |||
Најголема победа | |||
![]() ![]() (Абиџан, БСК; 27 декември 1961) ![]() ![]() (Уагадугу, Буркина Фасо; 7 јуни 2003) ![]() ![]() (Уагадугу, Буркина Фасо; 26 март 2011) ![]() ![]() (Нелспруит, ЈАР; 25 јануари 2013) ![]() ![]() (Уагадугу, Буркина Фасо; 23 март 2013) ![]() ![]() (Нелспруит, ЈАР; 10 јануари 2015) ![]() ![]() (Уагадугу, Буркина Фасо; 14 ноември 2017) ![]() ![]() (Маракеш, Мароко; 8 октомври 2021) | |||
Најлош пораз | |||
![]() ![]() (Оран, Алжир; 30 август 1981) | |||
Светско првенство | |||
Учества | 0 | ||
Африкански куп на нации | |||
Учества | 13 (првпат во 1978) | ||
Најдобар резултат | Финалист, 2013 |
Буркина Фасо никогаш не се пласирала на Светските првенства иако редовно учествува во квалификациите за истите почнувајќи од квалификациите за Светското првенство 1998. Од друга страна, репрезентацијата настапила 13 пати на африканското континентално првенство, Африканскиот куп на нации, вклучително и еднаш како домаќин на првенството во 1998 на кое завршиле како четврти.
Најголемите успеси, репрезентацијата ги постигнала во поновата историја: на Африканскиот куп на нации 2013 стигнале до финалето, во кое загубиле минимално од Нигерија со 1-0, а четири години подоцна на Африканскиот куп на нации 2017 во Габон го освоиле третото место.