планина во северна Србија From Wikipedia, the free encyclopedia
Фрушка Гора (унгарски Tarczal, латински Alma Mons) — островска планина и Национален парк во Срем. Најголем дел од Фрушка Гора се наоѓа во Војводина, додека мал дел е во источна Хрватска, Вуковарско-сремската жупанија.
Фрушка Гора | |
---|---|
Фрушка гора | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 539 м [1] |
Име | |
Прекар | Serbian Mount Athos |
Друго име | Фрушка гора |
Географија | |
Место | Срем |
Матичен венец | Панонски Островски Планини |
Геологија | |
Вид | Планински остров |
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
Национален парк Фрушка Гора | |
Површина | 266,72 km2 (102,98 sq mi) |
Воспоставен(а) | 1960 |
Фрушка Гора се простире во должина од околу 75 км и ширина од 12 до 15 км и зафаќа површина од 255 -{км2}-. Фрушка Гора во 1960 година е прогласена за Национален парк.[2] Највисок врв е Црвени Чот (539 m).
Името „Фрушка“ потекнува од старословенскиот збор Фруг, синоним за Франките што дава значење на „планина на Франките“.
Фрушка Гора е островска, стара громадна планина. Највиок врв е Црвени Чот (539 м), а останатите значајни врвови се Стражилово (321 м), Иришки Венац (451 м) и Велики Градац (471 м).
Долините и падините на Фрушка Гора се покриени со ливади и падини. На падините постојат овоштарници и лозја, а делови поголеми од 300 метри се пораснати со густи листопадни шуми. На Фрушка Гора се наоѓа најголемата концентрација на липи во Европа. Околу 700 видови лековити билки растат на оваа планина. Некои од животинските видови се: срна, елен, муфлон, ласица, дива свиња, куна, дива мачка, шакал, зајак, итн.
Најзначајниот споменик на културата на Фрушка Гора претставуваат шеснаесетте манастири на српската православна црква, распоредени по целата планина. Подигнати се како оставнина на српските владетели, откако во доцниот среден век под притисок на Турците, тежиштето на српското духовно и културно наследство е поместено на север.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.