![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/a3/RETRATO_DEL_GRAL._FRANCISCO_FRANCO_BAHAMONDE.jpg/640px-RETRATO_DEL_GRAL._FRANCISCO_FRANCO_BAHAMONDE.jpg&w=640&q=50)
Франциско Франко
From Wikipedia, the free encyclopedia
Франциско Франко Баамонде (шпански: Francisco Franco Bahamonde; 4 декември 1892 — 20 ноември 1975 ) — шпански диктатор и водач на националистичкиот воен бунт во Шпанската граѓанска војна, авторитарен водач на Шпанија од октомври 1936 година, па сè до неговата смрт во ноември 1975 година. Тој дошол на власт преку десничарската Шпанска фаланга, меѓутоа тоа било од пропагандни причини, тој не припаѓал на ниту една политичка партија пред да ја заземе власта во државата. Како водач на Шпанија, Франко ги користел титулите каудиљо и генералисимус, но исто така бил формално именуван како неговата екселенција и шеф на државата.
неговата екселенција генералисимус дон Франциско Франко | |
---|---|
![]() | |
Каудиљо на Шпанија шеф на државата | |
На должноста 1 април 1939 – 20 ноември 1975 | |
Претходник | Мануел Азана* |
Наследник | Александро Родригес де Валакарел** |
68 - ми премиер | |
На должноста 30 јануари 1938 – 8 јуни 1973 | |
Потпретседател |
|
Претходник | Хуан Негрин |
Наследник | Луис Кареро Бланко |
Лични податоци | |
Роден(а) |
Франциско Франко Баамонде |
Починал(а) | 20 ноември 1975(1975-11-20) (возр. 82) Мадрид, Шпанија |
Почивалиште | Долина на паднатите 40.641944° СГШ; 4.155278° ЗГД / 40.641944; -4.155278 |
Националност | Шпанец |
Партија | Шпанска фаланга |
Сопружник | Кармен Поло |
Деца | Марија Дел Кармен |
Живеалиште | Ел Пардо, Мадрид |
Вероисповед | католик |
Потпис | ![]() |
Воена служба | |
Припадност | ![]() |
Род | Шпански воени сили |
Траење | 1907–1975 |
Чин | началник на Генералштаб |
Заповеда со | генералисимус |
Битки/војни | Втора мароканска војна Шпанска граѓанска војна |
*Како претседател ** Ја препуштил на Хуан Карлос I (крал на Шпанија) *** Формално како "водач на Владата на Шпанија" |
Франко потекнувал од семејство со воена традиција, првично имал намера да се вклучи во шпанската морнарица, меѓутоа се вклучил во шпанските копнени сили. Учествувал во Втората мароканска војна и станал најмладиот генерал во Европа во 1926 година [1]. По враќањето во Шпанија го предводел задушувањето анархистичкиот штрајк во 1934 година, бранејќи ја конзервативната влада на Алкала-Самора. По формирањето на влада на Народниот фронт, составена од разни левичарски фракции, се зголемила нестабилноста. Насилството помеѓу милитантните групи нагло се зголемило со атентатот врз парламентарниот водач на конзервативците Хосе Калво Сотело, кој бил извршен како чин на одмазда за убиството на Жозе Кастиљо [2]. Франко и неговите приврзаници ја искористиле смртта на Калво како изговор за започнување на војна, иако тие веќе имале инициран план за воен бунт [3].
Франко и војската учествувале во државниот удар против владата на Народниот фронт. Меѓутоа државниот удар не успеал и прераснал во Шпанската граѓанска војна, во текот на која Франко успеал да се наметне како водач на националистите против владата на Народниот фронт. По победата во граѓанска војна, во која победил со помош на Фашистичка Италија и Третиот Рајх, тој го распуштил шпанскиот парламент и воспоставил десничарски авторитарен режим и бил де факто регент на номинално возобновеното Кралство Шпанија.
Во текот на Втората светска војна, Франко водел официјално политиката на неутралност, делумно поради тоа што Шпанија не била закрепната од граѓанска војна. Сепак, тој го поддржал формирањето на шпанската волонтерска т.н. Сива дивизија која се борела на Источниот фронт како дел од силите на Оската против Советскиот Сојуз. Режимот на Франко бил мразен од кубанскиот водач Батиста кој предложил заедничка акција помеѓу латинските држави и Соединетите Американски Држави за соборување на Франко во Шпанија [4].
По војната, Франко успеал да ја задржи и зацврсти својата власт во Шпанија преку спроведување на строги мерки: систематско потиснување на дисидентските и опозициските ставови преку цензура и принуда [5][6], затворање на идеолошките противници во логори низ цела Шпанија [7], спроведувањето на принудна работа во затворите [8], и употребата на смртната казна и тешките затворски казни како методи за заплашување на неговите идеолошки непријатели [9]. За време на Студената војна, САД воспоставиле дипломатски и трговски сојуз со Шпанија, поради силната анти-комунистичката политика на Франко.
Во почетокот на 60-те години, Франковиот режим почнал со спроведување на реформи во економијата. Со што започнало економското т.н. „шпанско чудо“ кое траело до 1973 година. Овој економски развој се оценува како најпозитивно наследство на Франковиот режимот. Во овој период, Шпанија во голема мера го надминала приходот по жител што ги разликува развиените од неразвиените земји и поттикнал развојот на доминантната средна класа. Чудото било поттикнато од економските реформи спроведени од т.н. технократи поставени од Франко, кој започнале крупни јавни инвестиции за развој на инфраструктурата, по препорака на Меѓународниот монетарен фонд. Технократите биле нова сорта на економисти кои ги замениле старите од фалангистичкото движење кои биле склони кон изолационизам.
По неговата смрт, Шпанија започнала транзиција кон демократијата. Денес, симболите од Франковиот режим како што се националниот грб или знамето со царски орел, се забранети со закон во Шпанија [10].