From Wikipedia, the free encyclopedia
Фотоотпорник, светлоотпорник или фоторезистор — полуспроводнички елемент чиј електричен отпор се менува под влијание на светлината која паѓа врз неговата површина.[1] Заради оваа особина наоѓа примена како електронски сетилник (сензор).
Фотоотпорник Светлоотпорник | |
---|---|
Фотоотпорник | |
Тип | пасивен |
Принцип на работа | фотоспроводливост |
Ел. симбол | |
Фотоотпорникот е направен од полуспроводен материјал. Ако фотоните на светлината кои паѓаат на него се со доволна висока честота (доволна енергија), ќе им даде на врзаните електрони доволно енергија да станат слободни електрони во полуспроводникот. Со тоа се намалува отпорот на фотоотпроникот под влијание на светлината.
Постојат разни видови на фотоотпорници. Се користат како детектори на светлина во фотоапаратите, уличното осветлување, сигурносните ноќни аларми и др. Посебни видови се користат за детекција во инфрацрвениот спектар.
Кадмиум-сулфидот (CdS) е најчест материјал за изработка на фотоотпорници. Олово-сулфидот (PbS) и индиум-антимонидот се користат во средниот инфрацрвен спектар. Германиум-бакарните детектори се користат во подалечниот инфрацрвен спектар, во инфрацрвената астрономија и спектроскопијата.
Симболот на фотоотпорникот е прикажан на сликата.
Предности на фотоотпорникот се ниската цена и доверливоста, а мана му е спората реакција. Обично се потребни неколку секунди за полна промена на отпорот при брза промена на осветлувањето. Заради ова, за примени кои зависат од брзината на реакцијата на елементот се користат фототранзистор и и фотодиоди.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.