From Wikipedia, the free encyclopedia
Финалето на ФА Купот во 2022 година бил фудбалски натпревар, со кој се одредил победникот на ФА Купот за сезоната 2021-2022. Ова било 141-вото финале на ФА Купот, англискиот фудбалски куп организиран од страна на ФА. Финалето било одиграно на Вембли на 14 мај 2021 година, а во него се сретнале екипите на Челси и Ливерпул. Ова било прв пат истиот пар на екипи да се сретнат во финалето на Лига Купот и во финалето на ФА Купот во истата сезона по Арсенал и Шефилд Венздеј во 1993 година.[3]
Финалето завршило без голови (0-0) по 90 и 120 минути игра, па победникот бил решен по изведување на пенали. Иако Ливерпул имал предност по раното промашување на Сесар Аспиликуета, во последната серија Садио Мане не успеал да им го донесе трофејот на црвените откако неговиот пенал бил одбранет од неговиот сонародник на голот на Челси, Едуар Менди, по што драмата продолжила; сепак, две серии подоцна Алисон Бекер го одбранил пеналот на Мејсон Маунт, a Костас Цимикас бил прецизен за победа на Ливерпул.
Ливерпул го освоил трофејот за прв пат од 2006 година, а нивниот менаџер, Јирген Клоп, станал првиот германски тренер кој го освоил ФА Купот.[4] На спротивната страна, Челси поставил непосакуван рекорд, губејќи го своето трето последователно финале во натпреварувањето, по поразите од Арсенал и Лестер Сити во финалињата играни во 2020 и 2021 година.
|
|
|
|
Играч на натпреварот:
Помошни судии:[2]
|
Правила на натпреварот[5]
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.