холандска атлетичарка From Wikipedia, the free encyclopedia
Фемке Бол (родена на 23 февруари 2000 г.) — холандска атлетичарка која е специјализирана за трките на 400 метри со пречки и 400 метри.
Бол со освоениот златен медал на Светското првенство 2023 во Будимпешта | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Националност | Холанѓанка | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден(а) | 23 февруари 2000 Амерсфорт, Холандија | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1.84 м | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Тежина | 65 кг[1] | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Земја | Холандија | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | Атлетика | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплини |
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Клуб | АВ Алтис[2] | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Тренер | Лорен Меули (од 2019 г.)[3] | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Освоени медали
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Инфо од 27 август 2023. |
Бол е сопственик на светскиот рекорд на 400 метри во сала кој изнесува 49.26 секунди, европскиот рекорд на 400 метри со пречки кој изнесува 51.45 секунди, правејќи ја втората најбрза жена во историјата во оваа дисциплина, како и сопственик на пет холандски рекорди во поединечните и штафетните трки. Таа исто така е сопственик на најбрзите светски времиња на 300 метри со пречки и на 500 метри во сала.
Таа освоила два златни медали на Светското првенство 2023, била победник во Дијамантската лига во 2021 и 2022 година, и освоила бронзен медал на Летните олимписки игри 2020. Таа е четирикратен освојувач на сребрен медал од светските првенства на отворено и во сала, седумкратен освојувач на златен медал од европските првенства на отворено и во сала и носител на златен медал од Европските игри 2023.
Бол била прогласена за европска атлетичарка во подем во 2021 година и европска атлетичарка на годината во 2022 година.
Фемке Бол е родена на 23 февруари 2000 година во Амерсфорт, Холандија.[4][5]
Како дете Бол тренирала џудо откако на двапати ја скршила раката и нејзиниот доктор го препорачал спортот за да научи како да паѓа.[6]
Во 2008 година, таа започнала да тренира атлетика во локалниот клуб АВ Триатлон, следејќи го нејзниот постар брат кој веќе бил член на клубот.[7][8] Во интервју, Бол изјавила за спортот: „Тоа беше начин да го прочистиш умот и едноставно да се забавуваш и да не размислуваш премногу за другите работи. Тоа е сè уште она што ми се допаѓа во врска со спортот.“[9] Во 2014 година, таа се префрлила во локалниот клуб АВ Алтис, каде што нејзиниот тренер Вернер Андреа го открил нејзиниот талент за трки на подолги патеки.[10]
Бол се школувала на Фарел Колеџ и од 2021 година е студент на отсекот комуникациски науки на Универзитетот во Ваненинген.[10][7]
Бол се фокусирала на трките на 400 метри во 2015 година, на 15-годишна возраст, и започнала да победува на трки во Холандија во својата возрасна група.[11] Таа освоила пет државни кадетски титули на 400 метри (на отворено и во сала) меѓу 2015 и 2017 година, и четири јуниорски титули во 2018 и 2019 година (400 метри на отворено и во сала и 400 метри со пречки).[4] Во 2016 година, таа започнала да тренира во градот Арнем, во клубот Цико'66, каде што нејзините родители ја носеле на тренинг речиси секој ден.[11]
На меѓународно ниво, таа постојано напредувала. Натпреварувајќи се со постари атлетичарки, Бол не успеала да ги помине квалификациите на 400 метри на Европскиот младински олимписки фестивал 2015 во Тбилиси, Грузија. Две години подоцна, 17-годишната Бол се натпреварувала на Европското јуниорско првенство во Гросето, Италија и успеала да се пласира во полуфиналето на трката на 400 метри.[4]
Во 2019 година, нејзината последна година како јуниор, таа ја освоила својата прва државна сениорска титула (на 400 метри во сала).[4] Во јуни, во нејзината трета трка со пречки во својата кариера, во Женева, Бол ги соборила холандските рекорди до 20 и до 23 години постигнувајќи норма за Светското првенство 2019 со време од 55.94 секунди.[12][13] Во јули, таа потврдила дека е најдобра европска атлетичарка до 20 години во дисциплината 400 метри со пречки, освојувајќи златен медал на Европското јуниорско првенство во Бурос, Шведска. На Светското првенство 2019 во Доха во октомври, Бол стигнала до полуфиналето со истрчан сопствен најдобар резултат од 55.32 секунди во квалификациите, станувајќи втора најбрза жена до 20 години во историјата.[14][15] Таа исто така помогнала на холанскиот тим да се пласира во финалето на штафетната трка на 4 × 400 метри и да го освои седмото место во финалето.[4] Од ноември 2019 година таа започнала да тренира на олимпискиот тренинг центар Папендал близу Арнем, заедно со швајцарскиот тренер Лорен Меули и нејзиниот поранешен тренер Брам Петерс кој имал улога на помошник тренер.[11]
Бол била принудена да тренира на песочни патеки низ шумите и на тревни полиња кога за првпат биле донесени мерките за карантин од КОВИД-19 во месец март. И покрај ова, во јули во Папендал, таа го соборила речиси за секунда државниот рекорд на 400 метри со пречки кој изнесувал 54.62 секунди поставен од Естер Гусенс во 1998 година.[16] Прво, трчајќи на дожд, таа истрчала време од 54.47 секунди, време кое не можело да биде ратификувано бидејќи на трката настапила само уште една натпреварувачка. Две недели подоцна, таа истрчала време од 53.79 секунди, што претставува четврто најбрзо време за атлетичарки под 23 години во историјата.[17] Со овој резултат, таа би завршила на четвртото место на Светското првенство од претходната година, пропуштајќи бронзен медал за само пет стотинки.
Во текот на оваа пандемиска сезона, таа победила на сите следни трки на кои настапила: две трки од Дијамантската лига, и три трки од светската континентална серија. Таа победила на трка во Секешфехервар, Унгарија на 19 август, а потоа го повторила успехот четири дена подоцна на трката од Дијаманстката лига во Стокхолм. Во септември, таа победила на трките во Острава (300 метри со пречки), Белинцона и Рим.
Во 2021 година, Бол постепено ги подобрила своите најдобри истрчани времиња, поставувајќи 11 државни рекорди и уште 5 рекорди како член на штафетните екипи.[18]
Таа ја започнала сезоната во сала на 30 јануари, подобрувајќи го сопствениот најдобар резултат на 400 метри за повеќе од 1.5 секунди со што поставила нов холандски рекорд со време од 50.96 секунди на трка во Виена. Бол потоа победила на следните седум трки на кои настапила, подобрувајќи го личниот и државниот рекорд во сите финалиња. Натпреварувајќи се во светската серија во сала, таа едноподруго поставувала нов рекорди на трките, и тоа во Мец (50.81 с.) и Торуњ (50.66 с.), како и на холандското државно натпреварување во сала (50.64 с.), а на европското првенство во сала во Торуњ во март, трката на 400 метри ја завршила со ново најдобро време од 50.63 секунди, што било доволно за златен медал.[19][20] Вториот златен медал на првенството, Бол го освоила на штафетната трка 4 × 400 метри каде што холандскиот тим поставил нов рекорд на првенствата со време 3:27.15.[21][22]
Сезоната на трки на отворено, Бол ја започнала на светското штафетно првенство каде што со холанскиот тим го освоила четвртото место на трката на 4 × 400 метри, а потоа, неколку недели подоцна, таа истрчала нов државен рекорд на 400 метри со време од 50.56 секунди на трка во Леде, Белгија. Таа потоа започнала да го подобрува сопствениот и државниот рекорд на 400 метри со пречки на трки од Дијамантската лига, започнувајќи со резултат од 53.44 секунди во Фиренца. Во тоа време, тоа било и европски рекорд до 23 години, соборувајќи рекорд поставен пред 37 години.[23] На 19 јуни, таа настапила на трката на 400 метри на Европското тимско првенство во Романија и повторно го подобрила својот најдобар резултат, истрчувајќи за 50.37 секунди.[24] На 1 јули во Осло, таа победила на трката на 400 метри со пречки со време од 53.33 секунди, а само 4 дена подоцна, таа успеала да го подобри тој резултат за речиси една секунда истрчувајќи за 52.37 секунди во Стокхолм, победувајќи ја Шамир Литл за 0.02 секунди. На 6 јули, таа победила на трката на 400 метри со пречки од континенталната серија во Секешфехервар со време од 52.81 секунди, повторно оставајќи ја зад себе Литл, за 0.04 секунди.[25] Со победата на трката од Дијамантската лига во Гејтсхед на 13 јули, таа таа ја продолжила својата серија без пораз во нејзината дисциплина на вкупно 12 трки. Таа трет пат по ред била подобра од американката Литл, но овој пат остварила доминантна победа.
На пролонгираните Летни олимписки игри 2020 во Токио, Бол настапила на трката на 400 метри со пречки, како и на штафетните трки 4 × 400 метри во женска конкуренција и мешано. На трката со 400 метри со пречки која била најбрза во историјата, таа го освоила бронзениот медал, пристигнувајќи на целта зад Сидни Меклафлин (51.46 – светски рекорд) и Далила Мухамед (51.58 – втор најдобар резултат во историјата).[26][27] Бол сепак успеала да го собори европскиот рекорд на Јулија Печонкина стар 18 години со нејзиното време од 52.03 секунди, што ја направило трета најбрза жена во историјата во оваа дисциплина. Тоа исто така било прв медал за Холандија во оваа дисциплина.[28] Претходно на игрите, таа помогнала на мешаниот штафетен тим на Холандија да постави државен рекорд во финалната трка, истрчувајќи го нејзиниот сегмент за 49.74 секунди, а потоа едноподруго заедно со холанската женска штафета го соборувала рекордот на Холандија во квалификациите и во финалето, трчајќи како последна измена за 49.14 и 48.97 секунди редоследно.[29] На 8 август, таа за прв пат била рангирана на првото место на светскиот ранкинг во дисциплината 400 метри со пречки.[30]
По игрите во Токио, во август и септември, таа ја продолжила доминацијата во Дијамантската лига на трките со пречки, победувајќи во Лозана и Цирих. Таа поставила нови рекорди на патеките од 53.05 и 52.80 секунди редоследно, со што го освоила својот прв дијамантски трофеј.[31][32] Во сезоната, таа победила на сите шест трки од Дијамантската лига на кои настапила, и ја завршила сезоната со вкупно 11 победи на 12 трки во дисциплината 400 метри со пречки.[33] Таа четири пати ја соборила границата од 53-секунди во годината и била прогласена за европска атлетичарка во подем за 2021 година.[4]
Фемке Бол ја започнала сезоната во сала во Мец, каде што го подобрила својот претходен рекорд на трката на 400 метри со пречки (50.72), и исто така била победник на 200 метри со нов најдобар резултат (23.37). На 27 февруари, на холандското државно првенство во сала, таа го подобрила нејзиниот сопствен државен рекорд со време од 50.30 секунди, кој во тоа време бил подобар од нејзиниот најдобар резултат на отворено, и ја пласирал на 12. место на списокот на сите времиња. На Светското првенство во сала во Белград во март, Бол освоила сребрен медал на 400 метри со време од 50.57 секунди, заостанувајќи зад Шони Милер-Уибо.[34] Трчајќи како последна измена за холандската женска штафета на 4 × 400 метри, таа успеала да донесе сребрен медал за својот тим и втор за неа на првенството,[35] истрчувајќи го најдоброто време на трката од 50.26 секунди.
Сезоната на трки на отворено, Бол ја започнала на 31 мај во Острава, каде што истрчала најдобро светско време на 300 метри со пречки. Нејзиното време од 36.86 секунди било побрзо за 1.3 секунди од претходното најдобро време на Зузана Хејнова од 2013 година.[36] Таа ја продолжила добрата форма во Дијамантската лига со победи на трките на 400 метри со пречки во Рим, Осло и Стокхолм, соборувајќи го рекордот на патеката во Осло, и подобрувајќи го нејзиниот рекорд во Дијамантската лига во Стокхолм поставен минатата година со време од 52.27 секунди.[37][38][39]
На Светското првенство 2022 во Јуџин, Орегон во јули, Бол прво настапила на мешаната штафетна трка на 4 × 400 метри. Трчајќи во последната измена, таа донела сребрен медал и државен рекорд за Холандија, благодарение на нејзниото време од 48.95 секунди, кое било втор најдобар женски резултат во трката.[40] На трката на 400 метри со пречки, таа го израмнила нејзиниот најдобар резултат во сезоната (52.27) завршувајќи втора зад Сидни Меклафлин (која истрчала нов светски рекорд од 50.68 секунди) и пред Далила Мухамед која завршила трета.[41] Во август, таа за прв пат ја соборила границата од 50 секунди на 400 метри, поставувајќи државен рекорд од 49.75 секунди на трка од Дијамантската лига во Хожов, Полска.[42]
Истиот месец, таа комплетирала златен хет-трик на Европското првенство 2022 во Минхен, со што станала првата спринтерка со двојна победа на трките на 400 метри на едно големо натпреварување, победувајќи убедливо на 400 метри и на 400 метри со пречки. Нејзиното време на трката на 400 метри од 49.44 секунди било најбрзо на европските првенства по 1986 година како и нов државен рекорд, додека пак на трката со пречки, Бол поставила нов рекорд на европските првенства (52.67).[43][44] Таа го завршила првенството истрчувајќи време од 48.52 секунди на штафетната трка 4 × 400 метри, со што на Холандија ѝ донела златен медал и нов државен рекорд; нивниот резултат исто така бил најдобар на европските првенства по 1986 година.[45] Како резултат на тоа, Бол станала само втората холандска атлетичарка по Фани Бланкерс-Коен која освоила три златни медали на европско првенство.[46]
На нејзиното враќање на трките во Дијамантската лига, Бол поставила нов рекорд на патеката во Лозана на 400 метри со пречки, и потоа ја завршила нејзината сезона со одлучувачка победа во Цирих, успешно одбранувајќи ја дијамантската титула.[47] Таа шест пати ја соборила границата од 53-секунди во годината, останувајќи непобедлива на 11 од 12 трки на 400 метри со пречки, и ја добила наградата за европска атлетичарка на годината.[4][48]
Дисциплина | Резултат (м:)с | Време | Датум | Рекорд | Белешка | |
---|---|---|---|---|---|---|
На отворено | 200 метри | 22.88 | Бреда, Холандија | 29 јули 2023 | ||
400 метри | 49.44 | Минхен, Германија | 17 август 2022 | ДР | ||
300 метри со пречки | 36.86 | Острава, Чешка | 31 мај 2022 | НСВ | Неолимписка дисциплина | |
400 метри со пречки | 51.45 | Лондон, Обединетото Кралство | 23 July 2023 | ЕР | Втора најбрза на сите времиња.[49] | |
Во сала | 200 метри | 22.87 | Мец, Франција | 11 февруари 2023 | ДР | |
400 метри | 49.26 | Апелдорн, Холандија | 19 февруари 2023 | СР | ||
500 метри | 1:05.63 | Бостон, МА, САД | 4 февруари 2023 | НСВ | Неолимписка дисциплина |
Дисциплина | Резултат м:с | Место | Датум | Рекорд | Белешки | |
---|---|---|---|---|---|---|
На отворено | 4 × 400 метри штафета (жени) | 3:20.72 | Будимпешта, Унгарија | 27 август 2023 | ДР | Заедно со Евелин Салберг, Лике Клавер и Кателијн Петерс.[50] Бол трчала како последна измена.[50] |
4 × 400 метри штафета (мешано) | 3:09.90 | Јуџин, ОР, САД | 15 јули 2022 | ДР | Заедно со Лиемарвин Боневасија, Лике Клавер и Тони ван Дипен.[51] Бол во последната измена истрчала време од 48.95 секунди.[52] | |
Во сала | 4 × 400 метри штафета (жени) | 3:25.66 | Истанбул, Турција | 5 март 2023 | ДР | Трет најбрз тим на сите времиња.[53] Заедно со Лике Клавер, Евелин Салберг и Кателијн Петерс.[54] Бол во последната измена истрчала време од 49.58 секунди.[54] |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.