Фарски Острови
Архипелаг во северниот Атлантски Океан во владение на Данска / From Wikipedia, the free encyclopedia
Фарски Острови (фарски: Føroyar; дански: Færøerne) — островска група во Атлантскиот Океан, помеѓу Шкотска, Норвешка, и Исланд. Тие се автономен регион на Кралството Данска од 1948 г. и со тек на времето, ги имаат во своја надлежност повеќето области, освен одбраната (немаат сопствена војска, која е одговорност на Данска, освен мали полициски единици и крајбрежната стража) и надворешни работи.
Фарски Острови |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: „Tú alfagra land mítt“ (Фарски) (македонски: „Моја најубава земја“) |
||||||
Местоположба на Фарските Острови (заокружени) во Северна Европа
|
||||||
Главен град (и најголем) | Торсхавн 62°00′N 06°47′W | |||||
Службен јазик | ||||||
Демоним |
|
|||||
Уредување | Деволуциска власт во рамките на парламентарна уставна монархија | |||||
• | Владетел | Фредерик X | ||||
• | Виш комесар | Лене Мојел Хохансен | ||||
• | Премиер | Аксел В. Јоханесен | ||||
Законодавство | Легтинг | |||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 1,393 км2[2] (180та) | ||||
• | Вода (%) | 0.5 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за март 2024 г. | 54,591[3] (214та) | ||||
• | Попис 2011 | 48,351[4] | ||||
• | Густина | 38.6 жит/км2 | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2019 г. | |||||
• | Вкупно | 3.126 милијарди долари[5] | ||||
• | По жител | 58,585 долари | ||||
Џиниев коеф. (2018) | 22.71[6] низок · 1. место |
|||||
ИЧР (2008) | 0.950[7] многу висок |
|||||
Валута | (DKK ) |
|||||
Часовен појас | ЗЕВ (UTC+0) | |||||
• | (ЛСВ) | ЗЕЛВ (UTC+1) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .fo | |||||
Повик. бр. | +298 |
Фарските Острови имаат традиционални врски со Исланд, Шетландските Острови, Оркниските Острови, Надворешните Хебриди, и Гренланд. Архипелагот бил одвоен од Норвешка во 1815. Фарските Острови имаат свој претставник во Нордискиот Совет.
Од 18 острови, само едно (Лујтла Дујмун), е потполно ненаселено. Најголем и главен град е Торсхавн, кој брои околу 19,000 жители. Основната религија е протестантство. Фарците се занимаваат главно со риболов, како и овчарство. Островите се познати по својата богата фауна.