Фарел
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фарел (германски: Varel) — град во округот Фризија, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа близу реката Јаде и Јадскиот Залив, околу 15 километри јужно од слободниот град Вилхелмсхафен. Тој претставува најголем град во округот Фризија.
Фарел
Varel | |
Основниот суд во Фарел | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Фризија |
Градски единици | 32 |
Градоначалник | Герд-Кристијан Вагнер (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 113,53 км2 |
Надм. височина | 0 - 12 м |
Население | 24.397 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 215 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | FRI |
Пошт. бр. | 26316 |
Повик. бр. | 04451 |
Портал | www.varel.de |
Местоположба на градот Фарел во рамките на округот Фризија | |
Координати | 53°23′49″N 8°08′10″E |
Фарел се наоѓа јужно од Јадскиот Залив на Северното Море. Источно од Фарел тече реката Вапел, која се влива во Јаде.
Фарел на исток се граничи со општината Јаде во округот Везермарш. На југ се граничи Фарел со општините Раштеде и Вифелштеде во округот Амерланд, а на запад со општината Бокхорн. Фарел се наоѓа на крајниот југоисток од округот Фризија.
Фарел е составен од 21 градска единица, како што се местата: Алтјирден, Боргштеде, Бипел, Дангаст, Дангастермор, Гриненкамп, Хоелухт, Хоенберге, Јерингхафе, Јетхаузен, Лангендам, Морхаузен, Нојдорф, Нојенвеге, Обенстрое, Раленбишен, Розенберг, Зегхорн, Штрек и Винкелсхајде.
Други помали места се Алмзе, Брамлоге, Бруне, Јетхаузермор, Логемор, Плагенкруг, Ралинг, Ротенхан, Шварценберг, Танге, Фарелер Шлојзе и Вилкенхаузен.
Градскиот совет се состои од 32 избрани членови, иако треба да има 34 члена за градови со број на жители помеѓу 20.001 и 25.000 жители.[2] На заклучок на Градскиот совет овој број е намалена за два члена. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:[3]
Партија | Удел на гласови | Број на места | Разлика (гласови) | Разлика (места) |
---|---|---|---|---|
SPD | 27,27 % | 9 | −2,56 % | −1 |
CDU | 19,65 % | 6 | − % | 2,10−1 |
Иднина Фарел | 28,62 % | 9 | +13,36 % | +4 |
Grüne | 9,18 % | 3 | − % | 1,650 |
BBV | % | 4,251 | − % | 1,33−1 |
FDP | % | 4,591 | + % | 1,070 |
Die Linke | % | 2,431 | + % | 0,59+1 |
Независен Брајтенфелт | % | 2,031 | + % | 2,03+1 |
Независен Вестерман | % | 1,921 | + % | 1,92+1 |
На последните избори за градоначалник на 16 јуни 2014 година бил избран Герд-Кристијан Вагнер (SPD).
Фарел е збратимен со следниве градови:
Црквата на замокот или Шлоскирхе е најстарата градба во Фарел. Првиот дел на црквата се верува дека бил подигнат во 1144 година.[4] Камбанаријата била додадена помеѓу 1200 и 1250 година, првично како две кули, кои биле обновени во денешниот облик во 1651 и потоа во 1737 година. Олтарот е висок скоро 10 метри и е еден од најважните дела на северногерманскиот манеризам.
Пред протестантската реформација, светец на црквата бил Свети Петар. Денес, црквата е лутеранска и нема светец на кој е посветена. Црквата порано била една од градбите на замокот, кој бил срушен во XIX век.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.