УНМИК
From Wikipedia, the free encyclopedia
Привремена административна мисија на Обединетите нации на Косово (англиски: United Nations Interim Administration Mission on Kosovo) е официјално нарачана мисија на Обединетите нации на Косово и Метохија. УНМИК го опишува својот мандат како „да му помогне на Советот за безбедност на Обединетите нации да постигнат општа цел, имено да обезбеди услови за мирен и нормален живот за сите жители на Косово и да ја унапреди регионалната стабилност на западен Балкан".[1]
Кратки факти Вид, Правен статус ...
Привремена администрациска мисија на Обединетите нации во Косово United Nations Interim Administration Mission in Kosovo | |
` | |
Вид | Посебна политичка мисија |
---|---|
Правен статус | Активен |
Седиште | Приштина, Косово |
Затвори
УНМИК е основан според Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност, која била усвоена на 10 јуни 1999 година.[2] Во таа резолуција, ООН одлучила да „[распореди] на Косово, под покровителство на Обединетите нации, [меѓународно] граѓанско и безбедносно [присуство]“.