![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/29/Route_of_the_2010_Tour_de_France.png/640px-Route_of_the_2010_Tour_de_France.png&w=640&q=50)
Тур де Франс 2010
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тур де Франс 2010 бил 97-то издание на трката Тур де Франс, еден од Гранд туровите во велосипедизмот. Започнал на 3 јули со хронометар пролог од 8,9 километри во Ротердам, прв старт во Холандија од 1996 година. Трката посетила три држави: Холандија, Белгија и Франција, а завршила на 25 јули на Елисејските полиња во Париз.
Светска турнеја на UCI 2010, трка 17 од 26 | |||
![]() | |||
Етапи на трката Тур де Франс 2010 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Датум(и) | 3–25 јули | ||
Етапи | 21 | ||
Растојание | 3642 км | ||
Време | 91h 59' 27" (39,60 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
![]() |
Победник | ![]() |
(Тим Саксо Банк) |
Втор | ![]() |
(Еускалтел-Еускади) | |
Трет | ![]() |
(Омега Парма-Лото) | |
![]() |
Бодовен | ![]() |
(Лампре-Фарнезе) |
![]() |
Планински | ![]() |
(Ббокс Буиг Телеком) |
![]() |
Младински | ![]() |
(Тим Саксо Банк) |
![]() |
Борбеност | ![]() |
(Квик Степ) |
![]() |
Екипен | Тим РадиоШек | |
← 2009 2011 → |
Вкупната должина била 3.642 километри (2.263 милји), вклучувајќи 60,9 километри (37,8 милји) хронометар. По отворањето со хронометар пролог, првите три етапи поминале низ Холандија и Белгија, на патеки конструирани да реплицираат некои одлики на пролетните класични велосипедски трки. Вклучувале седум сектори со калдрма, вкупно 13,2 километри (8,2 милји), најдолго растојание со калдрма на Турот од 1983 година, на етапата број 3. Имало шест планински етапи, три од нив со финиш на планина и две средни планински етапи. На 100-тата годишнина од првиот Тур, акцентот бил ставен на Пиринеите, со две искачувања на Кол ди Турмале.
На Турот првично победил Алберто Контадор, за кој подоцна било откриено дека паднал на допинг-тестот. По серијата настани, ЦАС конечно во февруари 2012 година одлучил дека Контадор ги загубил своите резултати од 2010 година, прогласувајќи го Енди Шлек за нов победник. Исто така, на натпреварот за млади возачи, по третпат победил Шлек. Французинот Антони Шарто ја освоил точкестата маичка како Крал на планините, додека италијанскиот спринтер Алесандро Петаки ја освоил зелената маичка за победа во бодовната класификација.
Официјална презентација на Турот била одржана на 14 октомври 2009 година. Тоа бил трет последователен Гранд тур, која започнал во Холандија, исто како што Вуелта а Еспања во 2009 година започнала во Асен, а Џиро д'Италија 2010 во Амстердам.