From Wikipedia, the free encyclopedia
Тринидад и Тобаго (англиски: Trinidad and Tobago) или официјално Република Тринидад и Тобаго (Republic of Trinidad and Tobago), а многу ретко Тринидад-Тобаго[4], — независна островска држава во Средна Америка, дел од јужните Карипски Острови. Тринидад и Тобаго е најјужниот островски архипелаг[5] во Карипското Море каде јужно се наоѓа јужноамериканската држава Венецуела додека северно се наоѓа Гренада.[6][7] Островите Тринидад и Тобаго се опколени од две големи водни површини, односно источно е Атлантскиот Океан, додека западно е Карипското Море. Главен град на Тринидад и Тобаго е Порт од Спеин и службен јазик во државата е англискиот јазик.
Република Тринидад и Тобаго Republic of Trinidad and Tobago
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: "Together we aspire, together we achieve" | ||||||
Химна: Forged from the Love of Liberty |
||||||
Главен град | Порт оф Спејн 10°40′N 61°31′W | |||||
Најголем град | Сан Фернандо[1] | |||||
Службен јазик | англиски | |||||
Народности | Африканци, староседелци, Венецуелци, Шпанци, Португалци, Кинези, Либанци, Сиријци, Италијанци. | |||||
Демоним | Тринидаѓанец, Тонагоец | |||||
Уредување | Парламентарна република | |||||
• | Претседател | Џорџ Максвел Ричардс | ||||
• | Премиер | Патрик Менинг | ||||
Незавосност | ||||||
• | од Обединетото Кралство | 31 август 1962 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 5,128 км2 (172-ра) | ||||
• | Вода (%) | н/п | ||||
Население | ||||||
• | проценка за јули 2005 г. | 1,305,000 (152-ра) | ||||
• | Густина | 207.8 жит/км2 (47-ма) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $27.038 милијарди[2] | ||||
• | По жител | $20,723[2] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупно | $24.806 милијарди[2] | ||||
• | По жител | $19,012[2] | ||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.766[3] висок · 64та |
|||||
Валута | Долар (TTD ) |
|||||
Часовен појас | (UTC-4) | |||||
Се вози на | лево | |||||
НДД | .tt | |||||
Повик. бр. | +1-868 |
Вкупната површина на оваа средноамериканска држава е 5.128 км2[8] каде живее население од 1.299.953 жители. Државата е составена од неколку острови, меѓу кои главни се Тобаго и Тринидад. Најголем остров во државата е Тринидад, кој воедно е и најнаселен остров, за разлика од Тобаго кој зазема само 6% од вкупната површина на земјата и живее само 4% од населението на тај остров.
Тринидад и Тобаго биле шпанска колонија од доаѓањето на Кристофер Колумбо па сè до 1802 година кога власта ја презела Велика Британија. Тринидад и Тобаго својата независност ја стекнале во 1962 година. За разлика од останатите англофонски карипско држави, индустријата на Тринидад и Тобаго се заснова на индустриското производство[9] со значително производство на петролеум.
Историчарот Е. Л. Џозеф тврди дека првичното име на Тринидад било „лере“, кој пак потекнува од староседелскиот назив за колибри односно ierèttê или yerettê. Со доаѓањето на шпанските истражувачи, Кристофер Колумбо го именувал островот како „Остров на Светото Тројство“ ("La Ysla de la Trinidad")[10]. Името на Тобаго најверојатно е добиено по формата на островот, односно шпанските истражувачи забележале дека островот има форма на цигара и така е добиено името со одредени варијации како cabaco, tavaco или tobacco. Кристофер Колумбо за првпат го забележал островот од дистанца и веднаш го именувал како „Bellaforma“.
Тринидад и Тобаго се најјужните острови на Антилите кои се наоѓаат помеѓу Гренада на север и Венецуела на југ. Источно од државата се наоѓа Атлантскиот Окран, додека западно се наоѓа Карипското Море. Тринидад и Тобаго има вкупна површина од 5.128 км2 и е составена од неколку острови, меѓу кои најголеми и главни се Тобаго и Тринидад. Островот Тринидад зазема околу 4.768 км2 или 93% од целокупната површина на земјата. Од друга страна пак, Тобаго има површина од 300 км2 и зазема 5.8% од површината. Остатокот припаѓа на помали околни островчиња.
Островите се мешавина на планини и рамници. Највисока точна во државата изнесува 940 метри надморска височина. Климата на Тринидад и Тобаго е тропска и има две сезони: сува сезона која всушност се првите шест месеци од годината и дождлива сезона кои се вторите шест месеци. За разлика од останатите Карипски Острови, Тринидад и Тобаго не се зафатени од честите урагани и невремиња.
Тринидад е дом на три главни центри, Порт оф Спејн, Сан Фернандо и Чагуанас. Главен центар на Тобаго е Скарборо. Главен град на државата е Порт оф Спејн и вкупното население на Тринидад и Тобаго е 1,3 милиони жители.
Тринидад и Тобаго е република со двопартиски систем на владеење и со дводомен парламент. Шеф на државата е претседателот кој моментално на таа функција е Џорџ Максвел Ричардс. На чело на владата на Тринидад и Тобаго е премиерот, моментално на таа функција е Патрик Манинг. Претседателот е избран од страна на пратениците, додека премиерот е избран преку парламентарни избори за мандат од пет години.
Тобаго има свои избори кои се различно од општите парламентарни избори. Тука се избираат пратеници за Собранието на Тобаго. Собранието на Тринидад и Тобаго е дводомно и е составено од сенат со 31 пратеничко место и од претставнички дом кој е составен од 41 пратеничко место.
Тринидад и Тобаго е поделен на региони или корпорации и општини. Тобаго е управуван од Собранието на Тобаго.
Региони на Тринидад и Тобаго | |||||
Знаме | Регион | Површина (км2) |
Население | Густина на население (/км2) |
Урбан центар |
---|---|---|---|---|---|
Регион Порт оф Спејн | 13.45 | 49.031 | 3.650 | Порт оф Спејн | |
Регион Сан Фернандо | 18.64 | 55.419 | 2.970 | Сан Фернандо, Марабела | |
Регион Чагуанас | 59.65 | 67.433 | 1.130 | Чагуанас, Кунупија, Фелисити | |
Регион Арима | 11.15 | 32.278 | 2.890 | Арима | |
Регион Поинт Фортин | 23.88 | 19.056 | 800 | Поинт Фортин, Гвапо | |
Кува-Табаките-Талпаро | 719.64 | 162.779 | 230 | Клакстон Беј, Кува, Поинт Лисас, Сент Мери, Табаките, Талпаро | |
Диего Мартин | 127.53 | 105.720 | 830 | Каранеџ, Диего Мартин, Маравал, Вестмурингс | |
Пенал Дебе | 246.91 | 83.609 | 340 | Пенал, Дебе | |
Принсес Таун | 621.35 | 91.947 | 150 | Моруга, Принсес Таун | |
Рио Кларо-Мајаро | 852.81 | 33.480 | 40 | Мајаро, Рио Кларо, Гвајагвајаре | |
Сан Хуан-Лавентил | 220.39 | 157.295 | 710 | Баратарија, Лавентил, Морвант, Сент Џозеф, Сан Хуан | |
Сангре Гранде | 898.94 | 64.343 | 70 | Гваико, Сангре Гранде, Токо, Валенсија | |
Сипарија | 510.48 | 81.917 | 160 | Седрос, Физабад, Ла Бреа, Санта Флора, Сипарија | |
Тунапуна-Пијарко | 527.23 | 203.975 | 370 | Арука, Сурепе, Пијарко, Сент Огустин, Тринсити, Тунапуна |
Религија во Тринидад и Тобаго | ||||
---|---|---|---|---|
религија | проценти | |||
христијанство | 43,6 % | |||
хиндуизам | 22,5 % | |||
други | 10,8 % | |||
ислам | 5,8 % | |||
нема | 1,9 % | |||
неопределени | 1,4 % | |||
јудаизам | 0,1 % |
Единствениот службен јазик во државата е англискиот јазик. Сепак, најмногу зборувани јазици во државата се локални варијанти на англискиот наречени тринидадски англиски и тобагоски креолски јазик во кои се изразуваат шпански, индиски, африкански и европски примеси.
Тринидад и Тобаго е дом на поголем број религиски заедници. Најголема религиска заедноца е христијанството со 43.6 % од вкупното население, па потоа следат хиндуизам со 22.5% и останати помали заедници.
Според проценката од 2005 година Тринидад и Тобаго има население од околу 1,3 милиони жители, од кои 96% живее на островот Тринидад, додека само 4% живеат на Тобаго. Населението е со различна етничка и расна припадност што е директна последица од историјата на државата. Двете најголеми етнички заедници во Тринидад и Тобаго се Индијците и Африканците кои пак сочинуваат околу 80% од населението. Остатокот од населението се европски или азиски доселеници и локални староседелци.
Економијата на Тринидад и Тобаго е под силно влијание на индустриското производство на петролеум. Туризмот и производството се исто така главни стопански гранки. Туристичкиот сектор е во пораст, иако не е на тоа туристичко ниво како останатите Карипски Острови. Покрај индустриското производство, во државата е присутно и земјоделството каде се одгледува какао, цитрон и останати тропски култури.
Во скоро време во државата се инвестира и во производство и трговија со гас и челик. Нафтата и гасот сочинуваат околу 40% од БНП и 80% од извозот, но само 50% од вработеното население на државата. Државата е регионален финансиски центар[11]
Тринидад и Тобаго е родно место на музичкиот правец калипсо и инструментот стилпан, за кој во Тринидад и Тобаго се тврди дека тој е единствениот музички инструмен измислен во XX век.[12] Големата шареноликост на Тринидад и Тобаго во поглед на етничката и расната припадност овозможува одржување на голем број фестивали и церемонии низ текот на целата година.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.