Торта со сирење
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тортата со сирење или чизкејк (англиски: cheesecake) — сладок десерт што се состои од еден или повеќе слоеви. Главниот слој се состои од мешавина на свежa зденка или сирење, јајца, шеќер, а ако има долен слој тој се состои од бисквити, слатки крекери, колачиња или сунѓер торта.[1] Обично се чува во фрижидер. На тортата со сирење обично се додава шеќер. Може да се стави на горниот слој овошје, шлаг крем, ореви, овошен сок или чоколадо. Тортата со сирење може да има повеќе додатоци, како што се: јагоди, лимета, костен и друго.