From Wikipedia, the free encyclopedia
Томас Теје Парти (роден на 13 јуни 1993 година, во Кробо Одумасе) — гански фудбалер, играч од средниот ред на Арсенал и на репрезентацијата на Гана.
Томас Парти | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 13 јуни 1993 | ||
Роден во | Кробо Одумасе, Гана | ||
Држава | Гана | ||
Висина | м | 1,85||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Арсенал | ||
Број | 5 | ||
Младинска кариера | |||
2012 | Леганес | ||
2012–2013 | Атлетико Мадрид | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2013-2015 | Атлетико Мадрид Б | 28 | (3) |
2013-2014 | → Мајорка | 37 | (5) |
2014-2015 | → Алмерија | 31 | (4) |
2015-2020 | Атлетико Мадрид | 132 | (12) |
2020- | Арсенал | 59 | (4) |
Репрезентација ‡ | |||
2016- | Гана | 42 | (13) |
* Ажурирано на: 20 јуни 2014 ** Ажурирано на: 1 септември 2014 |
Надарен со одлични физичи предиспозиции, подготвеност и издржливост, неговата примарна улога е дефанзивен играч за врска.
Роден во Кробо Одумасе, Парти е производ на младинските редови на локалниот клуб Одомета.[1] Тој потпишал со Атлетико Мадрид во 2012 година, по краток престој во друг шпански клуб, Леганес,[2] и последователно бил регистриран во вториот тим една година подоцна. Во сезоната 2012-2013, Парти одиграл 33 натпревари и постигнал 4 гола за Атлетико Мадрид Б во Сегунда Дивисион Б. Неговите одлични настапи за вториот тим му донеле повик во главната екипа за натпреварот против Реал Сосиедад, одигран на 10 март 2013 година.[3] Сепак, тој останал неискористена замена во тој натпревар, кој Колчонерос го загубиле на домашен терен со 0-1.[4]
На 12 јули, Парти бил позајмен на Мајорка, екипа која штотуку испаднала од Примера Дивисион.[5] На 18 август, тој го направил своето деби како професионален фудбалер, во поразот со 4–0 на гостувањето кај Сабадел.[6] На 15 септември, Парти го постигнал својот прв гол за Мајорка, вториот за неговата екипа во ремито 2–2 против Еркулес.[7] Сезоната во која тој имал голема улога како еден од основните играчи на Мајорка, Парти ја завршил со 37 настапи и 5 гола во Сегунда Дивисион плус еден настап во Купот на Шпанија.
На 27 јули 2014 година, Парти и се приклучил Алмерија на позајмица до крајот од сезоната, со која имал можност да игра во највисоката фудбалска дивизија во Шпанија.[8] Своето деби во Примера го имал на 23 август, започнувајќи во ремито 1-1 на домашен терен против Еспањол.[9] Парти ги постигнал своите први голови (два) во највисоката шпанска дивизија на 11 април 2015 година, во победата со 3–0 на домашен терен против Гранада.[10]
Пред почетокот на сезоната 2015-2016, Парти се вратил во Атлетико Мадрид, каде трајно е интегриран во првиот тим. Дебитирал во дресот на Атлетико Мадрид на 28 ноември 2015 година, во победата со 1-0 против Еспањол, заменувајќи го Лусијано Вието.[11] На 2 јануари 2016 година, тој го постигнал својот прв гол за Колчонерос, во победата со 1-0 над Леванте.[11] На 28 мај, тој играл во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид, заменувајќи го Коке во 116-тата минута од натпреварот кој Атлетико Мадрид го загубил по изведување на пенали.[12]
На 14 февруари 2017 година, Парти потпишал продолжување на договорот со Атлетико Мадрид до 2022 година.[13] Во текот на следните две сезони, неговата улога во тимот станува сè поважна. На 31 октомври, го постигнал својот прв гол во европските клупски натпреварувања, израмнувајќи го резултатот со удар од далечина во ремито 1-1 на домашен терен против Карабах во групната фаза на Лигата на шампионите. Правејќи го тоа, тој станал првиот Африканец кој постигнал гол во натпреварувањето за Атлетико.[14] По неговите импресивни настапи за клубот, тој бил награден со уште еден договор кој го потпишал на 1 март 2018 година, со траење до 2023 година.[15] На крајот од сезоната 2017-2018, Парти ја освоил Лигата на Европа, неговиот прв трофеј со Колчонерос, играјќи и во завршницата од финалето против Олимпик Марсеј кое Атлетико го добиле со 3-0.[16]
На почетокот на следната сезона, Парти освоил уште еден трофеј со Атлетико Мадрид, откако Колчонерос биле подобри од градскиот ривал Реал Мадрид со 4-2 по продолженија во Суперкупот на УЕФА. На 1 септември 2019 година, Парти влегол како доцна замена и го постигнал победничкиот гол во последната минута од натпреварот против Еибар, помагајќи му на Атлетико да се врати од 2–0 негатива до победа од 3–2.[17] Тој го одбележал својот 100-ти настап во Примера Дивисион за Рохобланкос со изведба за која бил избран за играч на натпреварот во ремито 0–0 против Реал Мадрид.[18] И покрај тоа што го напуштил Атлетико на почетокот на сезоната 2020-2021, Парти имал доволно настапи на почетокот на сезоната за да добие шампионски медал за освоената титула на Атлетико во Примера Дивисион.[19][20]
Своето искуство со Атлетико Мадрид го затворил со 188 настапи и 16 голови во сите натпреварувања.
На 5 октомври 2020 година, Парти потпишал за Арсенал,[21] кој ја платил сумата од 50 милиони евра предвидена во клаузулата за раскин на договорот со Атлетико Мадрид.[22] По потпишувањето за топџиите, Партеи изјавил дека сака да му помогне на Арсенал „да се врати таму каде што припаѓа“, опишувајќи ја неговата одлука да се пресели во Англија врз основа на „желбата за нови предизвици“, а исто така голема улога за реализацијата на трансферот им припишува на менаџерот Микел Артета и техничкиот директор Еду.[23]
На 17 октомври 2020 година, Парти го направил своето деби за Арсенал влегувајќи како замена на местото на Гранит Џака во поразот со 1–0 на гостувањето кај Манчестер Сити во Премиер лигата.[24] Пет дена подоцна, тој го започнал својот прв натпревар за Арсенал во победата на гости со 2–1 над Рапид Виена во Лига Европа.[25] На 8 ноември, во средината на натпреварот против Астон Вила, тој доживеал повреда на бутот поради која ги пропушти останатите натпревари од месецот.[26] Тој се вратил во акција на 6 декември за дербито на Северен Лондон, но доживеал уште една повреда, по што бил заменет уште пред крајот на полувремето. Арсенал го загубил дербито од Тотенхем со 2–0.[27] Тешката прва сезона во Лондон, во која постојано се мачел со повреди Парти ја завршил со 24 настапи во Премиер лигата, 8 во Лига Европа и еден во ФА Купот, притоа не успевајќи да постигне ниту еден гол, што била прва негова таква сезона во кариерата. Разочарувањето не било само на лично туку и на клупско ниво, откако Арсенал завршил на осмото место во првенството и не успеале да изборат учество во европските натпреварувања за следната сезона за првпат од 1995 година.
На 22 октомври 2021 година, Парти го постигнал својот прв гол во дресот на Арсенал во победата со 3-1 над Астон Вила.[28]
Во мај 2016 година, Парти бил повикан за првпат во репрезентација на Гана од страна на селекторот Аврам Грант, пред квалификацискиот натпревар за Африканскиот куп на нации 2017 против Маврициус.[29] Токму во тој натпревар одигран на 5 јуни го направил своето деби за црните ѕвезди, влегувајќи во последните 11 минути на местото на Франк Ачемпонг во победата со 2–0.[30] На 5 септември 2017 година, Парти го постигнал својот прв хет-трик во кариерата во победата со 5–1 против Конго во квалификациите за Светското првенство 2018.[31]
Во 2019 година, Парти бил избран во 23-члениот тим на селекторот Квеси Апија за Африканскиот куп на нации 2019 во Египет.[32] Во нивниот последен натпревар во групата, тој постигнал гол во победата од 2–0 над Гвинеја-Бисао, помагајќи и на својата земја да го освои првото место во нивната група.[33] Во осминафиналето, тој постигнал гол во пенал-рулетот против Тунис, но неговата репрезентација била елиминирана.[34]
Парти ја освоил наградата за Гански фудбалер на годината во 2018 и 2019 година.[35][36] Пред квалификациите за Африканскиот куп на нации 2021, Парти бил назначен за заменик капитен на репрезентацијата.[37][38] Откако Гана успешно ги минала квалификациите и се квалификувала за турнирот, Парти одново бил повикан во репрезентацијата за да учествува по трет пат на најсилниот африкански репрезентативен континентален собир. На неколку дена пред почетокот на Африканскиот куп на нации 2021, Парти го започнал својот прв натпревар како капитен на својата репрезентација, во поразот со 3-0 од Алжир во пријателски натпревар. На самиот турнир тој ги одиграл сите три натпревари во групата, по кој Гана била елиминирана со само еден освоен бод.
Во ноември 2022 година, Парти бил избран во составот на селекторот Ото Адо кој ја претставувал Гана на Светското првенство 2022.
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Гана | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
5-6-2016 | Беле Ву Морел | Маврициус | 0 – 2 | Гана | Квал. за СП 2017 | - | 80' | |
3-9-2016 | Акра | Гана | 1 – 1 | Руанда | Квал. за СП 2017 | - | 71' 86' | |
6-9-2016 | Москва | Русија | 1 – 0 | Гана | Пријателска | - | 63' | |
11-10-2016 | Дурбан | Јужна Африка | 1 – 1 | Гана | Пријателска | - | ||
13-11-2016 | Борг Ел Араб | Египет | 2 – 0 | Гана | Квал. за СП 2018 | - | 71' | |
17-1-2017 | Порт Жантил | Гана | 1 – 0 | Уганда | АФКОН 2017 - Прва фаза | - | ||
21-1-2017 | Порт Жантил | Гана | 1 – 0 | Мали | АФКОН 2017 - Прва фаза | - | ||
29-1-2017 | Ојем | ДР Конго | 1 – 2 | Гана | АФКОН 2017 - Четвртфинале | - | ||
2-2-2017 | Франсевил | Камерун | 2 – 0 | Гана | АФКОН 2017 - Полуфинале | - | 86' | |
4-2-2017 | Порт Жантил | Буркина Фасо | 1 – 0 | Гана | АФКОН 2017 - нат. за 3. место | - | ||
11-6-2017 | Кумаси | Гана | 5 – 0 | Етиопија | Квал. за АФКОН 2019 | - | 72' | |
1-9-2017 | Кумаси | Гана | 1 – 1 | Конго | Квал. за СП 2018 | 1 | ||
5-9-2017 | Бразавил | Конго | 1 – 5 | Гана | Квал. за СП 2018 | 3 | 70' 77' | |
7-10-2017 | Кампала | Уганда | 0 – 0 | Гана | Квал. за СП 2018 | - | 59' | |
10-10-2017 | Џеда | Саудиска Арабија | 0 – 3 | Гана | Пријателска | 1 | ||
30-5-2018 | Јокохама | Јапонија | 0 – 2 | Гана | Пријателска | 1 | ||
7-6-2018 | Рејкјавик | Исланд | 2 – 2 | Гана | Пријателска | 1 | ||
8-9-2018 | Најроби | Кенија | 1 – 0 | Гана | Квал. за СП 2019 | - | ||
18-11-2018 | Адис Абеба | Етиопија | 0 – 2 | Гана | Квал. за СП 2019 | - | 59' | |
23-3-2019 | Акра | Гана | 1 – 0 | Кенија | Квал. за АФКОН 2019 | - | ||
26-3-2019 | Акра | Гана | 3 – 1 | Мавританија | Пријателска | 1 | ||
15-6-2019 | Дубаи | Гана | 0 – 0 | Јужна Африка | Пријателска | - | 64' | |
25-6-2019 | Исмаилија | Гана | 2 – 2 | Бенин | АФКОН 2019 - Прва фаза | - | ||
29-6-2019 | Исмаилија | Камерун | 0 – 0 | Гана | АФКОН 2019 - Прва фаза | - | ||
2-7-2019 | Суец | Гвинеја-Бисао | 0 – 2 | Гана | АФКОН 2019 - Прва фаза | 1 | 83' | |
8-7-2019 | Исмаилија | Гана | 1 – 1 прод. (4 – 5 пен.) | Тунис | АФКОН 2019 - Осминафинале | - | ||
14-11-2019 | Кејп Коуст | Гана | 2 – 0 | Јужна Африка | Квал. за АФКОН 2021 | 1 | ||
18-11-2019 | Саун Томе | Саун Томе и Принсип | 0 – 1 | Гана | Квал. за АФКОН 2021 | - | ||
9-10-2020 | Анталија | Мали | 3 – 0 | Гана | Пријателска | - | ||
12-10-2020 | Аксу | Катар | 1 – 5 | Гана | Пријателска | - | ||
28-3-2021 | Кумаси | Гана | 3 – 1 | Саун Томе и Принсип | Квал. за АФКОН 2021 | - | ||
11-6-2021 | Кејп Коуст | Гана | 0 – 0 | Брег на Слоновата Коска | Пријателска | - | ||
9-10-2021 | Кејп Коуст | Гана | 3 – 1 | Зимбабве | Квал. за СП 2022 | 1 | ||
12-10-2021 | Хараре | Зимбабве | 0 – 1 | Гана | Квал. за СП 2022 | 1 | ||
5-1-2022 | Ал Рајан | Алжир | 3 – 0 | Гана | Пријателска | - | ||
10-1-2022 | Јаунде | Мароко | 1 – 0 | Гана | АФКОН 2021 - Прва фаза | - | 90+1' | |
14-1-2022 | Јаунде | Габон | 1 – 1 | Гана | АФКОН 2021 - Прва фаза | - | 36' | |
18-1-2022 | Гаруа | Гана | 2 – 3 | Комори | АФКОН 2021 - Прва фаза | - | ||
25-3-2022 | Кумаси | Гана | 0 – 0 | Нигер | Квал. за СП 2022 | - | ||
29-3-2022 | Абуџа | Нигерија | 1 – 1 | Гана | Квал. за СП 2022 | 1 | 84' | |
24-11-2022 | Доха | Португалија | 3 – 2 | Гана | СП 2022 - Прва фаза | - | ||
28-11-2022 | Ал Рајан | Јужна Кореја | 2 – 3 | Гана | СП 2022 - Прва фаза | - | ||
Вкупно | Настапи | 42 | Голови | 13 |
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2012-2013 | Атлетико Мадрид Б | СБ | 33 | 4 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 33 | 4 |
2013-2014 | Мајорка | СД | 37 | 5 | КШ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 38 | 5 |
2014-2015 | Алмерија | ПД | 31 | 4 | КШ | 1 | 0 | - | - | - | - | 32 | 4 | ||
2015-2016 | Атлетико Мадрид | ПД | 13 | 2 | КШ | 5 | 1 | ЛШ | 5 | 0 | - | - | - | 23 | 3 |
2016-2017 | ПД | 16 | 1 | КШ | 2 | 0 | ЛШ | 6 | 0 | - | - | - | 24 | 1 | |
2017-2018 | ПД | 33 | 3 | КШ | 3 | 1 | ЛШ + ЛЕ | 6+8 | 1+0 | - | - | - | 50 | 5 | |
2018-2019 | ПД | 32 | 3 | КШ | 3 | 0 | ЛШ | 6 | 0 | СУ | 1 | 0 | 42 | 3 | |
2019-2020 | ПД | 35 | 3 | КШ | 1 | 0 | ЛШ | 8 | 1 | СШ | 2 | 0 | 46 | 4 | |
сеп. 2020 | ПД | 3 | 0 | КШ | 0 | 0 | ЛШ | 0 | 0 | - | - | - | 3 | 0 | |
Вкупно Атлетико Мадрид | 132 | 12 | 14 | 2 | 39 | 2 | 3 | 0 | 188 | 16 | |||||
2020-2021 | Арсенал | ПЛ | 24 | 0 | ФАКуп+ЛК | 1+0 | 0+0 | ЛЕ | 8 | 0 | КШ | - | - | 20 | 0 |
2021-2022 | ПЛ | 24 | 2 | ФАКуп+ЛК | 0+2 | 0+0 | - | - | - | - | - | - | 26 | 2 | |
2022-2023 | ПЛ | 11 | 2 | ФАКуп+ЛК | 0+0 | 0+0 | ЛЕ | 4 | 0 | - | - | - | 15 | 2 | |
Вкупно Арсенал | 59 | 4 | 3 | 0 | 12 | 0 | 0 | 0 | 74 | 4 | |||||
Вкупно во кариерата | 248 | 25 | 17 | 2 | 43 | 2 | 3 | 0 | 311 | 29 | |||||
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.