![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/7c/Naturraumkarte_Thueringer_Becken.png/640px-Naturraumkarte_Thueringer_Becken.png&w=640&q=50)
Тириншка Котлина
котлина во Тирингија, Германија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Тириншка Котлина (германски: Thüringer Becken) — котлина во средишниот и северозападниот дел на сојузната покраина Тирингија, Германија.[1][2] Низ неа течат неколку реки, од кои најдолга е Унштрут. Се протега 60 км од север кон југ и околу 120 км од исток кон запад. Висински се движи од 150 до 250 м.н.в.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/7c/Naturraumkarte_Thueringer_Becken.png/640px-Naturraumkarte_Thueringer_Becken.png)
Котлината е опкружена со широк појас од школковаровнички сртови (како на пр. Хајних, Дин, Хајнлајте, Хое шреке, Шмике, Фине); на југозапад се граничи со Тириншката Шума, а на југоисток со со реско одделени тераси (школковаровничките висорамнина Илм-Зале и Ордруф и шаренопесочничката висорамнина Зале-Елстер). Тириншката Котлина потекнува од периодот тријас, кога налегнале хоризонталните слоеви од шарен песочник, школковаровник и којпер. Под нив се солените и гипсоците слоеви од цехов камен. Во кенозоикот околните сртови се подигнале, а котлината се спуштила, образувајќи длабнатина налик на чинија.
Висината на котлината се намалува од југ и запад кон исток. Иако некои од рабните сртови имаат особини на ниски венци, тука нема забележителни возвишенија освен Етерсберг и Фанершер Хее.
Во Тириншката Котлина преовладува земјоделството. Заедно со Магдебуршкото Берде и таканаречениот Лајпцишки Залив има најплодна почва во Германија.[3] Населена е уште во VIII и XI век, што значи дека највеќето села и градови во котлината е стари преку илјада години. Поради плодноста на овој крај, по котлината и нејзините краеви се појавиле градови прилично рано (Ерфурт и Милхаузен).