Арнштат
From Wikipedia, the free encyclopedia
Арнштат (нарекуван и Бахштат, „град на Бах“; германски: Arnstadt или Bachstadt) — град и административно седиште на округот Илм, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Градот се наоѓа во средишниот дел во Тирингија, сместен на реката Гера, околу 20 километри јужно од покраинскиот главен град Ерфурт.
Арнштат
Arnstadt | ||
Портата Рид (лево) и кулата Јакобс се знаменитости на Арнштат | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Тирингија | |
Округ | Илм | |
Градски единици | Градот и 17 места | |
Градоначалник | Франк Шпилинг (независен) | |
Основни податоци | ||
Површина | 104,99 км2 | |
Надм. височина | 288 м | |
Население | 27.072 (31 декември 2020)[1] | |
- Густина | 258 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | IK | |
Пошт. бр. | 99301–99310 | |
Повик. бр. | 03628 | |
Портал | www.arnstadt.de | |
Местоположба на градот Арнштат во рамките на округот Илм | ||
Координати | 50°50′3″N 10°56′47″E |
Првпат градот бил споменат во 704 година со што е еден од најстарите градови во Германија освен римските населби. До XVIII век, Арнштат бил резиденција на грофовите од Шварцбург. Од Арнштат потекнува тириншкиот братвурст (1404) и германското пченично пиво, надвор од Баварија (1617). Арнштат е еден од петте градови на Бах во Тирингија.
Арнштат поседува многу добро обновено историско градско јадро со делумно зачуван градски бедем. Поради својата местоположба на северниот раб од Тириншката Шума градот го има прекарот „Портата на Тириншката Шума“. Помеѓу градот и автопатите 4 и 71 се наоѓа една од најголемите индустриски и стопански зони во Тирингија.