From Wikipedia, the free encyclopedia
Терсеира (португалски изговор: [tɨɾˈsɐjɾɐ]) — остров, дел од архипелагот на Азорите во Атлантскиот Океан 1 400 километри северно од Лисабон. Архипелагот е територија на Португалија со автономен статус од 1976 година.
Терсеира | |
---|---|
Остров | |
Перспектива од широкиот кратер на Сера де Куме, остатоци од вулканска ерупција. | |
Етимологија: Португалски за трет; како "третиот остров" или "третиот кој бил откриен" | |
Прекар(и): Виолетовиот Остров | |
Местополошба на Терсеира во архипелагот на Азорите | |
Земја | Португалија |
Автономен Регион | Азори |
Острови | Централна Група |
Општини | Список
|
Површина | |
• Вкупна | 400,6 км2 (1,547 ми2) |
Население (2011) | |
• Вкупно | 56.437 |
• Густина | 14/км2 (36/ми2) |
Демоним | Терсеиранци |
Етнички групи | Португалци |
Географски детаљ од CAOP (2010)[1] Географски Институт на Португалија (IGP) |
Тој се наоѓа во централната група, а негов најблизок сосед е островот Сао Жоржи. Името Терсеира го добил бидејќи бил третиот остров којшто бил откриен (околу 1450).
На островот Терсеира биле откриени мали хипогеи (земјени структури врежани во карпите, кои биле користени за погребување), што укажува на историја за населба која можеби датира од пред 2000 години алудирајќи на човечко присуство на островот уште пред Португалците.[2][3]
Островот бил откриен меѓу 1430 и 1450 кога Португалците систематски се доселувале на целата територија на архипелагот.
Историски гледано, постои неизвесност за датата и за откривачот на Азорите. Морепловните мапи уште пред "официјалното" откритие ги идентификувале островите во Атлантскиот Океан, дури во 1325 година, кога мапата на Анџелино Далото го идентификувала Бразил ("Bracile") западно од Ирска, а подоцна и една на Анџелино Дулсер која ги идентификува Канарските Острови и Мадејра заедно со мистериозните острови наведени како "Капрарија" ("Capraria") за кои некои историчари сугерираат дека се Сао Мигел и Санта Марија. Се раскажувале и легенди, како онаа за Атлантида, Сете Кидадес (Кралства на седумте градови), Терас Сао Брандао, Илас Афортунадас (Среќни Острови), Иља де Бразил (Островот Бразил), Антилија, Иљас Азуис (Сини Острови ) а и мапи се појавиле меѓу 1351 и 1439 од неколку групи на острови со различни имиња. Првата асоцијација помеѓу денешниот остров Терсеира и овие приказни, била онаа за островот Бразил. Најпрво тој се појавил описот Инсула де Бразил на венецијанската карта на Андреа Бјанко (1436), за еден од поголемите острови на група острови во Атлантикот.
Во 1439, се појавил првиот официјален документ за откривањето, припишувајќи му го откритието на Гонсалу Вељу Кабрал.[4] Постои и показател дека Терсеира можеби бил откриен од страна на Висенте де Лагос на 1 јануари 1445:[5] првите документи по овој период почнале да го покажуваат третиот остров во Азорскиот архипелаг, познат како Иља де Исус Христо (Остров на Исус Христос) а подоцна и Иља де Исус Кристо да Терсеира. Подоцна, за островот било усвоено колоквијалното име Терсеира (со значење "трета" на португалски, како "третиот остров" или "третооткриен") бидејќи овој назив почесто се користел од оној првобитниот.
Во 1445, Хенри Морепловецот со официјален акт за донатарио на островот Терсеира го назначил Жаком де Бриж, фламански благородник и советник на Хенри Морепловецот [6].
На 2 март 1450, Жаком де Бриж добил официјална мисија од принцот Хенри Морепловецот да насели 17 фламански семејствата на третиот остров на Азорскиот архипелаг (Терсеира). Подоцна, 2000 Фламанци дошле да се населат на островот во текот на 15 век. Иако овие фламански доселеници морале брзо да се адаптираат на португалските обичаи и на локалната култура, нивното фламанско наследство ќе остане во форма на ветерници и физички особини како што се русата коса и сините очи кои и денес се чести кај популацијата која живее на островот Терсеира, наречен воедно и Ислас де Фламенгос (португалски: "Islas de Flamengos"), островот на Фламанците.
До 1640, островот Терсеира, тогаш под шпанска доминација, служел како преносна станица за златото што се враќало од Америка.
Во 1589, градот Ангра ду Хероизму безуспешно бил нападнат од страна на сер Френсис Дрејк.
Англиската експедициска флота под водство на Ерл Камберленд во 1589 година, како дел од Патувањето на Азорите од 1589 во заливот на Ангра, нападнала неколку засолнети шпански и португалски бродови од кои запленила пет.
Со акламација на Жоао IV од Португалија, Азорите го поздравиле враќањето на независноста по Ибериска унија. Шпанските доселеници во Ангра ду Хероисму, кои станале привилегирана класа за време на Унијата, го загубиле влијанието по 1640 година, а со Португалската реставрациска војна, португалски суверенитет бил вратен на островот.
Островот со неговата американска база одиграл голема улога во разните конфликти во кои САД биле вклучени по Втората светска Војна.
Во 1980 година земјотрес го оштетил градот Ангра ду Хероизму предизвикувајќи 71 жртви.
На 17 март 2003 година, водачите на САД, Џорџ Буш, на Велика Британија, Тони Блер, како и на Шпанија, Хосе Марија Азнар, учествувале на одлучувачки самит во врска со Ирачката криза.
Островот се наоѓа во Атлантикот, во рамки на архипелагот на Азорите на 38.73° N географската ширина и 27.32° W должина. Тој е 29 км долг и 18 км широк, со елипсовидна форма. Површината изнесува 402,2 км2, што го прави трет по големина остров на архипелагот. Неговата највисока точка е 1023 метри на врвот на планината Сера де Санта Барбара.
Тој е вулкански остров, исто како другите острови од архипелагот, со три стратовулкани со неактивна калдера: Синко Пикос е најстариот вулкан, а потоа Гиљерме Мониц и Санта Барбара. Вулканот Пику Алту, чија калдера е преполна со бројни куполи и дебели лавини текови со тракитна природа се смета од страна на некои автори како израсток на вулканот Гиљерме Мониц. Калдерата на Синко Пикос е најшироката од сите на архипелагот со пречник од 7 км.
Островот доживеал вулканска ерупција во 1761 на Пику Вермељо и една подводна ерупција во 1867. Помеѓу крајот на 1998 и 2000 година се случила втората подводна ерупција во близина на брегот на Терсеира, на околу 12 км.[7] Оваа е последната историска ерупција на Азорите.[8]
Остров Терсеира се состои од четири преклопувачки стратовулкани изградени над геолошка структура наречена Терсеирски Гребен: тројна раскрсница помеѓу евроазиските, африканските и северноамериканските тектонски плочи. Овие вулкански структури се на длабочина од над 1.500 метри (5.000 ст.) од дното на Атлантскиот Океан. Хронологијата на вулканска активност се движи од средниот до доцниот плеистоценот и на островот Терсеира, на холоценот со што се дефинира прогресија од исток кон запад во раст на стратоволканите. Класификацијата на еруптивните настани е во следните структури:
Луѓето претежно живеат на крајбрежјето на островот бидејќи централниот дел се состои од ридови и некои мали езера создадени од вулканска активност.
На островот има околу 56 000 жители или околу 139 жители/км2. Неговата главна градска област, Ангра ду Хероизму, исто така е историски град на Азорите. Во него живеат 35 500 жители. Тој е класифициран како дел од светското наследство на УНЕСКО, особено заради неговата архитектура од 16 и 17 век.
Праја да Виторија е вториот град на Терсеира со 20 200 жители и се наоѓа на север од островот блиску до Лажес, каде што се наоѓа значајна американска воздушна база.
Островот е поврзан со остатокот од светот, како и со други острови на архипелагот со Аеродромот Лажес кој воедно е и воен аеродром, како и две пристаништа во двата главни града.
Економската активност на островот е обезбедена од страна на војската, земјоделството, риболовот, како и од страна на услугите и туризмот.
Островот е извозник на земјоделски производи или производи на агро-прехранбениот синџир, како што се конзервирана риба.
Црните бикови на Терсеира се особено ценети за корида. Одгледувачите (ganadeiros) се групирани заедно во рамки на една асоцијација чија цел е да се зачуваат техниките на одгледување кои се пренесуваат уште од 16 век.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.