Теолепт I (грчки: Θεόληπτος Α΄) бил Вселенски патријарх од 1513 до 1522 година.[1]

Кратки факти Црква, Ракоположен ...
Теолепт I
Цариградски патријарх
ЦркваЦариградска патријаршија
Ракоположенсредината на 1513
Службата завршиладекември 1522
ПретходникПахомиј I
НаследникЕремија I
Лични податоци
Починалдекември 1522
Претх. службаМитрополит на Јанина
Затвори

Живот

Теолепт се родил на островот Крит или Епир и живеел како монарх покрај патријархот Пахомиј I, кој го назначил за митрополит на Јанина.[2] Кога Пахомиј умрел од труење, Теолепт одма потоа се преселил во Адријанопол каде нашол милост пред султанот Селим I.[3]:199 По исплатата на вообичаениот надоместок за патројаршиско назначување, султанот го прогласил за цариградски патријарх. Потоа Теолепт отишол во Цариград за формално избирање и сместување на престолот во средината на 1513 година.[4]

Во септември 1520 неговиот патрон, султанот Селим, умрел, па така положбата на Теолепт била загрозена. Првите гласини почнале да се шират, за подоцна да биде обвинет за живеење на неморален приватен живот. Светиот синод одлучил да одржи судење, но тој починал, во декември 1522, пред пресудата.[5]

Патријаршија

Моќта на цариградскиот патријарх се зголемила со Отоманско-Мамелучката војна (1516-1517) и консеквентната анексија на Сирија, Палестина и Египет од султанот Селим I,[3]:176-7 како што патријаршиите на Александрија, Антиохија и Ерусалим биле вклучени во Отоманското Царство. Овие патријаршии ја задржале својата верска автономија, но неоспорно биле подложни под влијанието на цариградската патријаршија, која била близу султанот и била негов заменик како граѓански владетел на сите православни христијани во империјата во согласност со милетскиот систем. Ова цариградско влијание се зголемило во текот на следните векови, особено во поглед на назначувањата. По походот на Палестина и падот на Ерусалим во 1517 во рацете на Селим, Теолепт го добил правото од султанот да ја одржува Базиликата на Светиот Гроб.[2]

Теолепт воспоставил добри односи, од почетокот на 1516, со московскиот принц Василиј III, чија мајка била внука на византискиот цар, Константин XI. Големото московско кнежевство во тоа време станало најсилното независно православно царство. Во 1518 Теолепт го испратил научникот Максим Грчки во Русија.[3]:327

Окулу 1520 година, султанот Селим, кој посакувал насилна исламизација на сите христијани, наредил да се преземат сите христијански цркви бидејќи не биле заштитени со ферман. Теолепт, благодарение на неговите добри односи со султанот и благодарение на адвокатот по име Ксенакиј, бил успешен во спротивставувањето на законот, убедувајќи го султанот дека цариградските цркви се предале во 1453 за време на падот на Цариград, па така биле поштедени и зачувани за христијанско обожување. Иако немало ферман кој можел да се покаже поради пожар во патријаршијата, тројца стари јаничари, кој живееле за време на настаните од 1453, се заколнале во куранот и им се верувало.[3]:189

Како патријарх, Теолепт ја преоформил црковната организација на бискупијата на Адријанопол, Самос и во Влашка.[2]

Белешки

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.