град во Унгарија From Wikipedia, the free encyclopedia
Татабања (унгарски: Tatabánya) — град со население од 70,003 луѓе во северозападна Унгарија, во централно прекудунавскиот регион. Тој претставува главен град на округот Комаром-Естергом.
Tatabánya | |||
---|---|---|---|
Главниот центар на округот. | |||
Држава | Унгарија | ||
Округ | Комаром-Естергом | ||
Површина | |||
• Вкупна | 91,45 км2 (3,531 ми2) | ||
Население (2012) | |||
• Вкупно | 70.003 | ||
• Густина | 765,73/км2 (198,320/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски код | 2800 | ||
Повик. бр. | 34 |
Градот е сместен во долината помеѓу планините Гересе и Вертес, на околу 55 км од главниот град на државата - Будимпешта. Во основа поради својата местоположба градот е спој на железничкиот и патниот транспорт. Автопатот M1 (како и европските патишта E60 и E75) кој ја поврзува Будимпешта со главниот град на Австрија, Виена, како и железницата која ги поврзува овие два града поминува низ градот.
Археолошките пронаоѓалиште докажуваат дека луѓето живееле на местото на денешниот град уште од камено време. Трите историски претходници на денешниот град се Алшогалала, Фелшогала и Банхида. Бенхида е најраната населба, која за првпат била спомената во 1288 година.
Во 16 век, Отоманците ја окупирале облсата. Околу истото време населението станало протестантско. Подоцна феудалците од куќата на Естерхазис кои владееле со областа, ја населиле со римокатотолички Германци и Словаци.
Според пописот од 1787 година, Алшогала имала 580, а Фелшогала 842 населеници. Изворите на јаглен во областа биле откриени во тоа време. Бројот на населението почан да расте и нова рударска колонија била формирана, која подоцна се развила во селото Татабања.
За време на индустријализацијата, се случил бран во земјата после Втората светска војна. Со тој бран неколку унгарски гратчиња биле претворени во индустриски градови. Четирите селца биле обединети на 1 октомври 1947 година во еден град под името Татабања. Во 1950 година станал и главен град на округот Комаром-Естергом (тогаш се викал само Комаром). Во 1980-тите веќе имал население поголемо од 80.000.
Индустрискиот карактер на градот бил значаедн сè до падот на социјалистичката влада и следните политички промени во 1989. После тоа, значењето на тешката иднустрија и рударството се намалило со што и економската структура на градот нагло се променила.
Според пописот од 2001, Татабања имала 28.912[1] дома и 60% имало централно греење и телефонски врски. Речиси секое домаќинство има пристап до кабловска телевизија. 98% од градските патишта се поплочени, а сообраќајот е добро организиран.
Сè до средниот 20 век, образовните стандарди во градот биле на средно ниво, но во вотрата половина на векот тие се намалиле, како резултат на тоа што локалните рудници не барале нивните вработени да имаат висок степен на образование. Сепак кон крајот на 20 век, овој тренд бил повторно повратен. Градот моментално има 2 колеџа, 10 средни училипшта, 16 основни и 18 градинки.
Најзначајна културна институција во градот е театарот Мари Јасаи. Градот има и уште неколку други институции (музеи, библиотеки.)
Татабања има фудбалски тим кој се вика ТБСЦ, кој бил создаден во 1910. Градот исто така е домаќин на успешен ракометен клуб - Татабања Карбонекс.
Татабања моментално е поделен на 6 окрузи:
Татабања е побратимен со:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.