Тараба (семрежен знак)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тараба, или тарабна ознака или тарабно означување, (англиски: hashtag; хаштаг/хештег) ― ознака за метаподатоци што се предговори со знакот тараба (или фунта), #. Тарабите се користат на услугите за микроблогирање и споделување фотографии како што се Твитер или Инстаграм како облик на означување створено од корисниците што овозможува вкрстување на содржината по наслов или теми.[1] На пример, пребарувањето во Инстаграм за тарабата „#bluesky“ ги враќа сите објави кои се означени со тој поим. По почетниот симбол тараба, оваа семрежна ознака може да вклучува букви, бројки или долни црти.[2]
Употребата на тарабите првпат бил предложена од блогерот и советник за производи Крис Месина во твит во 2007 година.[3] Месина не се обиде да ја патентира употребата затоа што сметаше дека „тие се родени од интернет и не се во ничија сопственост“.[4][5] Таравите се вкорениле во културата на Твитер[6] и набрзо се појавија низ Инстаграм, Фејсбук и Јутјуб.[7][8] Во јуни 2014 година, зборот хаштаг (hashtag) бил додаден во Оксфордскиот англиски речник како „збор или фраза со симболот # пред него, што се користи на мрежните места и апликациите на друштвените мрежи за да можете да ги пребарувате сите пораки со иста тема“.[9][10]