Суртсеј
From Wikipedia, the free encyclopedia
63.303° СГШ; 20.605° ЗГД / 63.303; -20.605
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Критериум | Природен: ix |
Навод | 1267 |
Запис | 2008 (32nd заседание) |
Суртсеј (од исландски, со значење "островот на Суртур") — вулкански остров на јужниот брег на Исланд. Се наоѓа на 63,303 СГШ и 20,6047 ЗГД и со оваа негова положба тој е најјужната точка на Исланд[1].. Овој остров се оформил во текот на вулканска ерупција која започнала 130 метри (426 стапки) под морското ниво и избила на површината на 14 ноември 1963 година. Ерупцијата траела до 5 јуни 1967 година, кога на островот ја достигнала максималната висина од 2,7 км². Оттогаш ерозиите предизвикани од ветрот и брановите предизвикале островот постепено да се намалува, па така во 2002 година неговата површина изнесувала 1,4 км².[2] Најновото мерење (2007) покажало дека максималната надморска височина на островот изнесува 155 м (509 ст).[3]
Новиот остров името го добил по јетунот Суртур, џин во нордиската митологија.[4] Вулканот интензивно бил проучуван од вулканолози за време на ерупцијата, а потоа и од ботаничари и биолози кога форми на живот почнале постепено да се колонизираат на пустиот остров. Подморските отвори кои го создале Суртсеј се дел од подморскиот вукански систем на Вестманаејар (островите Вестман), кој пак е дел од пукнатината на морското дно наречена Средноатлантски Гребен. Вестманаејар ја предизвикал и познатата ерупција на Елдфел на островот Хејмаеј во 1973 година. Ерупцијата со која бил создаден Суртсеј создала уште неколку мали острови како што е Јолнир, како и некои други неименувани врвови по должината на овој вулкански ланец. Повеќето од нив многу бргу еродирале. Се проценува дека Суртсеј ќе остане над морското ниво уште 100 години.