Средноатлантски Гребен
подводен гребен во Атлантскиот Океан / From Wikipedia, the free encyclopedia
Средноатлантски Гребен — океански гребен сместен по дното на Атлантскиот Океан и дел од најдолгиот планински венец на светот. Во северниот Атлантик ја двои Евроазиската Плоча од Северноамериканската, а во јужниот — Африканската од Јужноамериканската. Се протега од спојот со Гакељовиот Гребен (Средноарктички Гребен) североисточно од Гренланд, па на југ сè до Бувеовата Тромеѓа во јужниот Атлатски Океан. Иако гребенот е претежно под водата, постојат исвесни места кои се издигаат над неа поради нивната висина. Потегот од гребенот во кој спаѓа Исланд е наречен Рејкјанески Гребен. Просечната стапка на ширење на гребенот изнесува околу 2,5 см годишно.[1]