Суперлига на Србија во фудбал 2015/2016
From Wikipedia, the free encyclopedia
Суперлига на Србија во фудбал во сезоната 2015-2016 година — 10-то официјлно натпреварување организирано под тоа име од страна на Фудбалскиот сојуз на Србија. Сезоната започнала на 17 јули 2015 година а завршила 2016 година.
Спорт | Фудбал |
Држава | Србија |
Ранг | 1 |
Понизок ранг | Прва лига на Србија |
Број на екипи | 16 |
Почеток на сезоната | 17 јули 2015 |
Крај на сезоната | 2016 |
Шампион | Црвена ѕвезда |
◄ 2014/2015 | 2016/2017 ► |
На седницата на Извршниот одбор на ФСС одржана на 3 март 2015 година, биле изгласани значајни промени во системот на натпреварување и истите ќе стапат на сила од оваа сезона. Имено, по 30 одиграни кола, лигата од 16 клубови се дели во две групи од по осум - горната („Плеј-оф“, позиции од прва до осма) и долната („Плеј-аут “, позиции од деветто до шеснаесетто место). Бројот на освоени бодови во првиот дел од лигата потоа се преполовува (во случај на делење непарен број, количникот се заокружува на следниот цел број), а потоа натпреварувањето во рамките на групите се одвива според системот за единечни бодови, во вкупно 7 кола. По завршувањето на натпреварите во Плеј-оф и Плеј-аут, се утврдува конечниот пласман на Суперлигата за таа сезона.
- 'Плеј-оф:'
Најдобро пласираниот тим ја освојува титулата и добива право да учествува во квалификациите за Лига на шампиони. Екипите кои го завршиле натпреварувањето на втората и третата позиција добиваат место во квалификациите за Лига Европа. Во случај еден од трите првопласирани клубови да биде и победник на Купот на Србија во истата сезона, четвртопласираната екипа од лигата исто така оди во квалификациите за Лигата на Европа.
- 'Плеј-аут:'
Двете најлошо пласирани екипи (15-та и 16-та позиција во конечниот пласман) испаѓаат од Супер лигата, а од следната сезона двата клуба кои ги зазеле најдобрите позиции во Првата лига на Србија ќе се натпреваруваат во елитниот ранг наместо нив.