УЕФА Лига Европа
From Wikipedia, the free encyclopedia
УЕФА Лига Европа (скратено како УЛЕ), претходно познато како Куп на УЕФА, е годишно фудбалско клупско натпреварување организирано од УЕФА. Денес УЕФА Лига Европа, е второто по ранг европско фудбалско натпреварување, зад УЕФА Лигата на шампионите, а пред УЕФА Лигата на конференции. Купот на УЕФА било трето ниво од 1971 до 1999 година пред да згасне УЕФА Купот на победниците на куповите.[1][2] Клубовите се квалификуваат за учество на турнирот врз основа на пласманите во нивните национални првенства и домашни купови.
УЕФА Лига Европа | |
---|---|
![]() | |
Организатор | УЕФА |
Основано | 1971; пред 53 години (1971) (ребрендирано 2009) |
Регион | Европа |
Број на екипи | 32 (групна фаза)[б 1] 58 (вкупно) |
Тековен | ![]() (1. титула) |
Најмногу титули | ![]() (7 титули) |
Мрежно место | Официјална страна |
Трофеј | ![]() |
![]() |
Натпреварувањето настанало во 1971 година, под името Куп на УЕФА, како замена за Купот на саемските градови. Во 1999 година, УЕФА Купот на победниците на куповите бил споен со Купот на УЕФА и бил прекинат како посебно натпреварување.[3] Од сезоната 2004-2005 била додадена групна фаза пред нокаут фазата. Од сезоната 2009-2010, натпреварувањето е познато под денешното име УЕФА Лига Европа,[4][5] при што дошло и до промена на форматот.[6] Ребрендирањето во 2009 година донело спојување со УЕФА Интертото купот, создавајќи зголемен формат на натпреварување, со проширена групна фаза и промена во критериумите за квалификации. Победникот на УЕФА Лига Европа, се квалификува за Суперкупот на УЕФА и, од сезоната 2014-2015, добива право на учество во УЕФА Лигата на шампионите за следната сезона, влегувајќи директно во групната фаза.
Моментален шампион е Аталанта, која во финалето на последното издание го победила Баjер Леверкузен со 3-0, со хет-трикот на Адемола Лукман. Најмногу титули има освоено Севиља (7).