From Wikipedia, the free encyclopedia
Струмица, Струмешница или Стара Река — река која се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија и потоа со своето корито навлегува во Република Бугарија каде се влева како десна притока на реката Струма.
Струмица | |
---|---|
Местоположба | |
Држава | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Плачковица |
Устие | Струма |
• место | кај Митино, Бугарија |
Должина | 114 км |
Особености на сливот | |
Течение | Струма→ Егејско Море |
Должината на реката е 114 км, од кои 81 на територијата на Република Македонија и 33 на територијата на Република Бугарија. Оваа река претставува и најголемата притока на Струма.
Струмица е десна притока на реката Струма, и има должината од 114 км, од кои 81 км од нејзиното течение се во Македонија, а 33 во Бугарија. Вкупната површина на сливот изнесува 1465 км2, со просечен пад од 18‰. Реката ги одводнува јужните падини на планините Плачковица и Огражден, североисточните падини на планината Смрдеш и северните делови на планината Беласица, како и Радовишкото и Струмичкото поле и југозападниот дел на Петричко-санданската котлина.
Река Струмица извира под името „Стара Река“ на планината Плачковица, на надморска височина од 1346 м. До градот Радовиш тече на југ по длабока долина, потоа кај градот излегува од планината, свртува југоисточно и влегува во Радовишкото поле, а потоа на околу 10 км - кај Струмичкото поле постепенно свртува на исток држејќи ја оваа насока сè до нејзиниот влив. По граничниот премин Ново Село навлегува во бугарска територија откако тече во широка и плитка долина со многу меандри. Минува на околу 2 км северно од градот Петрич и се влева од десно во реката Струма, на 93 м надморска височина, на 2 км североисточно од селото Митино. Речиси по целиот тек во Струмичкото поле во Македонија и Петричкото поле во Бугарија коритото и е коригирано со насипи за заштита на вода.
Границите на сливното подрачје се следните:
По течението на реката таа минува низ 12 населени места, од кои во Македонија – 9 населени места, 1 град и 8 села, а во Бугарија – 3 села.
Притоки: → лева притока, ← десна притока
Во Македонија:
|
Во Бугарија
|
Во реката живеат следниве видови риби: лин, кефал, мрена, скобар, штука и други.
Реката Струмица е од непроценливо значење за земјоделството во Радовишкото, Струмичкото и Петричкото поле, бидејќи поголемиот дел од водите на реката се користат за наводнување во жешките летни месеци.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.