Стругово — село во Општина Демир Хисар.
Стругово — село во областа Железник, оддалечено само 4 км јужно од градот Демир Хисар. Соседни села се: Загориче од јужната страна, Боиште од запад, Слепче од север, Лесково од северозапад, а исто така граничи и со градот Демир Хисар.
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[2]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Стругово се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 55 куќи.[3]
Повеќе информации Година, Нас. ...
Население во минатотоГодина | Нас. | ±% |
---|
1948 | 645 | — |
---|
1953 | 644 | −0.2% |
---|
1961 | 607 | −5.7% |
---|
1971 | 550 | −9.4% |
---|
1981 | 535 | −2.7% |
---|
| Година | Нас. | ±% |
---|
1991 | 483 | −9.7% |
---|
1994 | 353 | −26.9% |
---|
2002 | 286 | −19.0% |
---|
2021 | 184 | −35.7% |
---|
|
|
Затвори
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[4]
Според пописот од 2002 година во Стругово живееле 286 жители, од кои: 285 Македонци и 1 останат.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 184 жители, од кои 176 Македонци, 1 Србин и 7 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Повеќе информации Година ...
Година |
1900 |
1905 |
1948 |
1953 |
1961 |
1971 |
1981 |
1991 |
1994 |
2002 |
2021 |
Население |
320 |
320 |
645 |
644 |
607 |
550 |
535 |
483 |
353 |
286 |
184 |
Затвори
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови
Стругово е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[10]
- Староседелци: Богдановци (1 к.), Апостоловци (36 к.), Зулумовци со Гавазовци (4 к.), Пашовци со Трајковци (7 к.), Доцевци (11 к.), Милевци (6 к.), Илијовци (5 к.), Стамевци (1 к.), Маслинковци (1 к.), Гавевци (2 к.) и Петковци (1 к.).
- Доселеници: Ивановци или Балуловци (3 к.) доселени се од селото Лева Река, Ресенско, го знаат следното родословие: Цветан (жив на 90 г. во 1952 година) Ѓоргија-Иван, кој се доселил од Лева Река; Чомаковци (3 к.) доселени се од селото Лопатица, Битолско. Го знаат следното родословие: Доне (жив на 50 г. во 1952 година) Ацко-Нечо, кој се доселил; Чоревци (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Црновец, битолско. Го знаат следното родословие: Крсте (жив на 38 г. во 1952 година) Коле-Диме, кој се доселил; Чавкаровци (4 к.) доселени се од селото Вирово; Голгановци (1 к.) доселени се од селото Обедник; Шамевци (2 к.) и тие се доселени од селото Обедник околу 1903 година; Зеленковци (4 к.) доселени се од селото Утово околу 1921 година; Димовци (1 к.) доселени се од селото Лесково.
- Диме Талев Котевски — македонски револуционер од ВМОРО.[14]
- Веле Ѓоргиев Петровски — македонски револуционер од ВМОРО.[15]
- Неделко Стојанов Здравевски — македонски револуционер од ВМОРО.[16]
Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1952 година:
- Од Апостоловци во: Вардино (како домазет од 1935 година), Загориче (како домазет од 1951 година), Граиште (како домазет од 1939 година), и во Утово (како домазет од 1912 година).
- Од Зулумовци во: Ново Змирново (едно семејство од 1920 година).
- Од Милевци во: Граиште (како домазет од 1940 година), и во Битола (едно семејство од 1951 година).
- Од Чоревци во: Битола (едно семејство од 1947 година).
- Од Илијовци во: Битола (едно семејство од 1947 година), и во Крушево (едно семејство од 1947 година).
- Од Стамевци во: Утово (како домазет од 1920-тите).
- Од Чавкаровци во: Осиек во Хрватска (едно семејство од 1948 година).
- Од Шатевци во: Смилево (како домазет од 1931 година).
- Од Димовци во: Црновец (едно семејство од 1931 година)
- Од Петковци во: Романија (едно семејство од 1908 година).
„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Државен архив на Република Македонија.
Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел I. Државен архив на Република Македонија. CS1-одржување: друго (link)