![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/1/1f/Jesus_in_Golgotha_by_Theophanes_the_Cretan.jpg/640px-Jesus_in_Golgotha_by_Theophanes_the_Cretan.jpg&w=640&q=50)
Страсна седмица
From Wikipedia, the free encyclopedia
Страсна (Страдална, Велика) седмица — последната недела од Христовиот живот. За секој нејзин ден во богослужбените книги се зборува како за голем (велик) и свет, и во секој од нив, во сите цркви се извршуваат посебни богослужби.
- Во Страсниот понеделник Црквата ни ја дава за размислување темата за бесплодната смоква, осудена од Христа.
- Вторник е посветен на темата за мудрите девојки, кои за разлика од своите неразумни сестри, биле спремни за Господовото доаѓање.
- Во Среда вниманието е свртено кон покаената блудница. Службата ја нагласува разликата помеѓу спасената грешна жена и погинатиот Јуда, избран како апостол: првата го дава своето богатство за Христа и ги бакнува Неговите нозе, а другот, пак, за пари Го продава со целив.
- Велики четврток е означен како ден на востановување на новозаветната пасхална жртва
- На Велики петок Господ Исус Христос е осуден, распнат и погребен.
- Слегувањето во адот е на Велика Сабота
- Христовото Светло Воскресение се случува на Велигденската недела.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/1/1f/Jesus_in_Golgotha_by_Theophanes_the_Cretan.jpg/640px-Jesus_in_Golgotha_by_Theophanes_the_Cretan.jpg)
Црквата пропишува во првите три дена на Страсната седмица на часовите да се читаат сите четири Еванеглија, до местото каде што започнуваат Христовите страданија. А Старозаветните читања се земаат од Втората книга Мојсеева, од Јов и од пророците. Може да се каже дека како општа тема на првите три дена од Страсната седмица се јавуваат крајот на светот и Христовиот Суд.
Утрените обично се служат доцна навечер, и на нив се пее посебен тропар:
„ Ете, Младоженецот доаѓа на полноќ и блажен е слугата што ќе го најде буден, а недостоен е оној што ќе биде најден немарен. Внимавај, затоа, душо моја, да не те совлада сонот, да не бидеш предадена на смртта, и да не бидеш исклучена од Царството. Туку, освести се и повикај: "Свет, свет, свет Си Боже, поради молитвите на Богородица смилувај се на нас". “