Велика сабота
Саботата пред Велигден / From Wikipedia, the free encyclopedia
Велика сабота или Велјасабота (грчки: Μεγάλο Σάββατο, латински: Sabbatum Sanctum) — ден од Страдалната седмица.[1] Според источното христијанство тој е осми ден од Страсната седмица, односно 7 дена по Лазаровата сабота и шест по Цветници. А според западното христијанство тој е седми ден од страсната седмица, односно шест дена по Цветници. Велика сабота е посветена на споменот на пребивањето на Исус Христос во гробот, и Неговото слегување во адот.[2] Сабота, значи покој. Велика сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник. Тоа е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Денот на Големиот Покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на христијанската жалост, тага и молк. Ден на длабоко молчание, созерцание и покој. Сабота е денот на оплакувањето на Покојникот. Тогаш, Христовата Мајка – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, го оплакувале Исуса Христа. Денес на овој ден се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица. Велика сабота е определена како Ден за чување на гробот.
Велика сабота | |
---|---|
![]() Христос ги зема праведните од Адот | |
Наречен и | Велјасабота |
Го празнува(ат) | Христијанските и нехристијански земји |
Вид | христијански |
Датум | ден по Велики петок, 1 ден пред Велигден |
Поврзано | Цветници, Велигден |