![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/8a/Nowruz_2017_in_Bisaran%252C_Kurdistan_province.jpg/640px-Nowruz_2017_in_Bisaran%252C_Kurdistan_province.jpg&w=640&q=50)
Стареење
From Wikipedia, the free encyclopedia
Стареење ― кога човекот влегува во неговите подоцнежни години. Поимот главно се однесува на луѓето, многу други животни и габи, додека на пример, бактериите, повеќегодишните растенија и некои едноставни животни се можно биолошки бесмртни.[1] Во поширока смисла, стареењето може да се однесува на единечни клетки во еден организам што престанале да се делат, или на населението на еден вид.[2]
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/8a/Nowruz_2017_in_Bisaran%2C_Kurdistan_province.jpg/640px-Nowruz_2017_in_Bisaran%2C_Kurdistan_province.jpg)
Кај луѓето, стареењето претставува насобирање на промени во човекот со текот на времето и може да опфати физички, психолошки и општествени промени.[3][4] Времето на дејство, на пример, може да се забави со возраста, додека сеќавањата и општото знаење обично се зголемуваат. Стареењето го зголемува ризикот од човечки болести како што се рак, Алцхајмерова болест, шеќерна болест, срцеви болести, мозочен удар и многу повеќе.[5][6] Од околу 150.000 луѓе што умираат секој ден ширум светот, околу две третини умираат од причини поврзани со возраста.
Тековните теории за стареење се припишуваат на замислата на оштетување, при што насобирањето на штета (како што е оксидацијата на ДНК) може да предизвика откажување на биолошките системи, или на замислата на програмираното стареење, при што внатрешните процеси (епигенетско одржување, како што е метилацијата на ДНК)[7][8] инхерентно може да предизвика стареење. Програмираното стареење не треба да се меша со програмираната клеточна смрт (апоптоза).
Дебелината е предложена за забрзување на стареењето,[9][10] додека ограничувањето на калориите во исхраната кај животните кои не се примати го забавува стареењето додека одржува добро здравје и функции на телото. Кај приматите (вклучувајќи ги и луѓето), таквите дејства што го продолжуваат животот остануваат неизвесни.