Апоптоза
From Wikipedia, the free encyclopedia
Апоптоза е процес на програмирана клеточна смрт која се случува кај многуклеточните организми.
За разлика од некрозата, која е форма на трауматска клеточна смрт која резултира од акутна клеточна повреда, апоптозата генерално е корисна во животот на организмот.
Помеѓу 50 и 70 милијарди клетки умираат дневно поради апоптоза кај просечен возрасен човек. Кај децата помеѓу 8 и 14 години, просечно 20 до 30 милијарди клетки умираат дневно.[1]