![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/a9/Flag_of_the_Soviet_Union.svg/langmk-640px-Flag_of_the_Soviet_Union.svg.png&w=640&q=50)
Советскиот Сојуз на Олимписките игри
From Wikipedia, the free encyclopedia
Советскиот Сојуз првпат настапил на Олимписките игри во 1952 г. и оттогаш учествувал на вкупно 18 олимпијади. На шест летни олимпијади, земјата освоила највеќе медали од сите, а на уште две го зазела второто место. Учествувајќи на вкупно 9 зимски олимпијади, СССР имал највеќе медали од сите 7 пати и двапати бил втор.
СССР на Олимписките игри | ||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||
Олимписка историја | ||||||||||
Летни олимпијади | ||||||||||
|
||||||||||
Зимски олимпијади | ||||||||||
|
||||||||||
Други поврзани настапи | ||||||||||
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Олимпискиот комитет на СССР е основан на 21 април 1951 г. и признаен од МОК на XLV седница (7 мај 1951).
Првото учество на земјата било на Летните олимписки игри 1952 во Хелсинки, каде го освоила и првиот златен медал со рекордот постигнат од страна на Нина Ромашкова (м. Пономарјова) дисциплината фрлање диск во женска конкуренција (51,42 м).
Советските екипи првпат настапиле на Зимските олимписки игри во 1956 г. одржани во Кортина д'Ампецо, каде го освоиле првиот златен медал со постигнувањето Љубов Козирева во дисциплината скијачко трчање на 10 км во женска конкуренција.
Земјата била домаќин на летната олимпијада во 1980 г., одржана во Москва, која била бојкотирана од голе број земји предводени од САД поради советската инвазија на Авганистан. Како одговор на тоа, СССР и разни други земји вратиле со бојкот на летната олимпијада во 1984 г. одржана во Лос Анџелес.
Иако Советскиот Сојуз се распаднал на 26 декември 1991 г, Олимпискиот комитет на СССР формално продолжил да постои до 12 март 1992 г.
Во 1992 г., 12 од 15-те поранешни републики на СССР се здружиле во Обединета екипа на летните игри во Барселона, каде повторно освоиле највеќе медали. Обединетата екипа се натпреварувала и на зимската олимпијада истата година со 7 од 12 поранешни републики, заземајќи го второто место по број на освоени медали
Сите медали на СССР и оние на Руската Империја ѝ припаднале на Русија, но не се вбројуваат во вкупниот број постигнати медали во име на денешната Руска Федерација.