From Wikipedia, the free encyclopedia
VII Зимски олимписки игри се одржале од 26 јануари до 5 февруари 1956 година во Кортина д'Ампецо, Италија. Останати кандидати за отганизација на игрите биле Монтреал, Колорадо Спрингс и Лејк Плесид.
VII Зимски олимписки игри - Кортина д'Ампецо 1956 | |
Град домаќин | Кортина д'Ампецо, Италија |
Број на држави | 32 |
Број на спортисти | 821 (687 мажи и 134 жени)[1] |
Број на спортови | 4 |
Број на натпревари | 24 |
Отворање | {{{Отворање}}} |
Затворање | 5 февруари 1956 |
Стадион | |
Ова биле првите Зимски олимписки игри на кои учествувал Советскиот Сојуз, освојувајќи најголем број на златни и вкупно медали. Оваа доминација на СССР продолжила на речиси сите Зимски олимписки игри, сè до распадот на државата.
Зимските олимписки игри во Кортина д'Ампецо биле првите кои можеле да следат преку директен телевизиски пренос, но последни на кои натпреварите во уметничко лизгање се одржале на отворено.[1]
Грофот Алберто Бонакоса и неговата сопруга Марија вложиле напори да овозможат Зимските олимписки игри да се организираат во Кортина д'Ампецо. Бонакоса, кој бил член на МОК од 1925 година, бил успешен алпски скијач, а заедно со својата сопруга имал афинитети и кон уметничкото лизгање.[2] Тој успеал да ги убеди членовите на советот на Кортина да го предложат градот како оможен град-домаќин на Зимските олимписки игри 1944. На 38. седница на МОК, која се одржала во Лондон во 1939 година, било одлучено Зимските олимписки игри во 1944 година да се одржат во Кортина д'Ампецо. Сепак, поради избувнувањето на Втората светска војна, игрите не можеле да се организираат, а веднаш по завршувањето на војната, грофот Бонакоса побарал од МОК во Кортина да се одржат Зимските олимписки игри во 1952 година. Така, градот бил кандидат за организација на овие игри, но во гласањето најмногу гласови добил градот Осло. Италијанската олимписка делегација, предводена од грофот Бонакоса продолжила со настојувањето игрите да се организираат во Кортина, па така градот бил кандидат за град-домаќин и на игрите во 1956 година. На 43. седница на МОК во Рим на 29 април 1949,[3] покрај Кортина во конкуренција биле и градовите Монтреал, Колорадо Спрингс и Лејк Паесид. Со убедлива предност по бројот на освоени гласвои било одлучено Зисмките олимписки игри во 1956 година да се одржат во Кортина д'Ампецо. Грофот Бонакоса починал на 31 декември 1953, со што не доживеал да присуствува на одржувањето на игрите во Кортина.[3]
Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Зимските олимписки игри 1956[4] | |||||
---|---|---|---|---|---|
Град | Земја | Прв круг | |||
Кортина д'Ампецо | Италија | 31 | |||
Монтреал, | Канада | 7 | |||
Колорадо Спрингс | САД | 2 | |||
Лејк Плесид | САД | 1 |
На игрите медали биле доделени во 24 дисциплини во 4 спортови, а демонстративни спортови немало.
|
|
Во продолжение е даден распоред на натпреварите по натпреварувачки денови.[7]
● | Церемонија на отворање | ● | Квалификациски натпревари | ● | Финални натпревари | ● | Церемонии на затворање |
На игрите во Кортина д'Ампецо се натпреврувале 821 спортист од 32 земји.[8] За првпат на игрите учествувале Боливија, Иран и Советскиот Сојуз. Јужна Кореја, Лихтенштајн и Турција се вратиле наигрите, откако не учествувале на игрите во 1952, а Аргентина, Данска, Нов Зеланд и Португалија, кои учествувале на игрите во 1952, не учествувале во Кортина. Спортистите од Западна и Источна Германија учествувале како претставници на Обединетиот тим на Германија, а истото се случило и на идните две Олимпијади.
Во табелата се дадени првите десет земји по бројот на освоени медлаи.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.