Узбекистан на Олимписките игри
From Wikipedia, the free encyclopedia
Узбекистан првпат настапил на Зимските олимписки игри во 1994 година.
Узбекистан на Олимписките игри | ||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||
Олимписка историја | ||||||||||
Летни олимпијади | ||||||||||
1996 • 2000 • 2004 • 2008 • 2012 | ||||||||||
Зимски олимпијади | ||||||||||
1994 • 1998 • 2002 • 2006 • 2010 • 2014 | ||||||||||
Други поврзани настапи | ||||||||||
СССР (1952–1988) Обединета екипа (1992) |
Претходно, земјата настапувала во составот на репрезентацијата на СССР. По распаѓањето на Советскиот Сојуз во 1991 година, Узбекистан заедно со уште 15 нови држави од поранешниот СССР на Зимските олимписки игри од 1992 година настапиле како Обединета екипа под олимписко знаме.
Подоцна во 1992 година, 11 здружени републики од поранешниот СССР повторно учествувале на Летните олимписки игри во Барселона. Како самостојна држава, Узбекистан за првпат настапил на Зимските олимписки игри во 1994 година. Оттогаш учествувал на сите летни и Зимски олимписки игри.
Спортистите на Узбекистан на Летните олимписки игри досега имаат освоено 20 медали, од кои 5 златни, додека на Зимските имаат освоено 1 златен медал.
Националниот олимписки комитет на Узбекистан бил основан во 1992 година, додека од страна на МОК бил признаен во 1993 година.